Се ближат избори и јасно е зошто се интензивира загриженоста во партиските штабови колку некој од спротивниот табор ја оштетил државата. За жал на ниеден од објавените корупциски скандали, иако станува збор за високи цифри и недозволиви прекршувања не видовме институционално процесуирање, ниту ќе видиме судска разрешница.
На крајот, сето тоа нема да остане без влијание врз правната држава и довербата во неа, коментираат експертите откако не престануваат да се вжештуваат корупциските теми околу кои си разменуваат секојдневно нова комуникација најголемите партии од власта и опозицијата, засега единствено преку медиумите. Правната логика налага поинаков пристап, коментира професор Горан Илиќ.
„Правната логика води кон тоа доколку се констатира прекршување на законот да се покрене постапка и тоа е она што е најсоодветно. Е сега во овој случај се користи за политички меѓупартиски препукувања и тоа значи билдање на политички
поени“, вели Илиќ.
Ова е традиција на нашиве простори која се уште функционира пред избори и делува во поддршка на предизборниот рејтинг од страна на гласачите, и затоа се користи, вели аналитичарот Алберт Муслиу.
„Тоа е едно шоу сценарио затоа што темпото со кое излагаат сите овие скандали укажува на тоа дека треба времето да се пополни. Не се прикажува се преку документи до институциите, туку на етапи ни се даваат за да може константно да се држи пресијата врз нас како граѓани и во секое време да имаме нешто ново со кое ќе се занимаваме.“
Но сепак е симптоматично што не се користат механизмите за расветлување на случаите, вели Муслиу.
„Посимптоматично е што власта потегнува такви , условно речено, скандали, а не ги користи механизмите што стојат на располагање, тие можат преку институциите на системот да ги процесуираат и да добијат завршница.“
Очекувањата се дека се ќе заврши на реванчизам и маркетинг, со голема извесност предвидуваат експертите, заборавајќи на одговорноста која оди заедно со располагањето со докази за корупција. Во крајна линија ова го отвара и прашањето на правната држава и како таа функционира, со што прашањата кои ги отворија политичките фактори деновиве спаѓаат како по обичај се префрлени од правната во политичката сфера.
Во овој случај се користи за политички меѓупартиски препукувања и тоа значи билдање на политички поени.Горан Илиќ, универзитетски професор.
На крајот, сето тоа нема да остане без влијание врз правната држава и довербата во неа, коментираат експертите откако не престануваат да се вжештуваат корупциските теми околу кои си разменуваат секојдневно нова комуникација најголемите партии од власта и опозицијата, засега единствено преку медиумите. Правната логика налага поинаков пристап, коментира професор Горан Илиќ.
„Правната логика води кон тоа доколку се констатира прекршување на законот да се покрене постапка и тоа е она што е најсоодветно. Е сега во овој случај се користи за политички меѓупартиски препукувања и тоа значи билдање на политички
Не се прикажува се преку документи до институциите, туку на етапи ни се даваат за да може константно да се држи пресијата врз нас како граѓани и во секое време да имаме нешто ново со кое ќе се занимаваме.Алберт Муслиу, аналитичар.