Достапни линкови

Новинарство, тендери и корупција


Новинарката Ивона Талевска и министерот за здравство Никола Тодоров.
Новинарката Ивона Талевска и министерот за здравство Никола Тодоров.

Тендерот вреден милион евра кој се поврзува со новинарката Ивона Талевска, предизвика низа реакции. Поранешниот антикорупционер Ариф Муса вели дека ваквата ситуација е неморална и уредничката поради својата функција и медиумското влијание, иако има законско право да основа фирма, треба да ја извести Антикорупциската Комисија за учество во државен тендер.

Аферата околу милионерскиот тендер за набавка на медицинска опрема од фирмата „Висарис“ чија што сопственост се поврзува со уредничката на Сител и Вечер Ивона Талевска, отворија многу прашања во јавноста, од начините на можна корупција медиумите преку приватните бизниси на новинарите до тоа како се спроведуваат јавните набавки во институциите.
Треба Судот на честа да го разгледа и да види дали може и како може една новинарка да биде на повеќе јавни функции, да формира фирма и да добие таков голем тендер, тоа е сомнително.
Ариф Муса, поранешен антикорупционер.

За опозицијата ова е скандал по кој во нормални земји паѓа Влада, додека според власта станува збор за малку неетичка ситуација која настанала по спроведувањето на тендерот.

Станува збор за набавка на рентген апарати и дијагностичка работна станица во вредност од милион евра од фирма која е основана со почетен влог од 5 илјади евра.

Поранешниот антикорупционер Ариф Муса вели дека ваквата ситуација е неморална и
уредничката поради својата функција и медиумското влијание, иако има законско право да основа фирма, треба да ја извести Антикорупциската Комисија за учество во државен тендер и да покаже дека нема да има конфликт на интерес. Тој додава дека сето ова укажува на сомнително спроведување на тендерот.
Само шест месеци од добиениот милионски бизнис, во фирмата ВИСАРИС МКД Скопје се враќа бизнисменката Талевска, преку мајката Лимба Талевска, а самата Ивона Талевска е лице за контакт.
Петре Шилегов, СДСМ.

„Нивните што се во власта ги фаворизираат своите адути, но овде за новинарката е малку посложена ситуацијата, треба Судот на честа да го разгледа и да види дали може и како може една новинарка да биде на повеќе јавни функции, да формира фирма и да добие таков голем тендер, тоа е сомнително.“

Муса истакнува дека е нелогично нова фирма да се формира неколку месеци пред да се објави тендер и со толку мал основачки влог да може да набави толку скапа опрема.

„Правните лица што конкурирале на оваа јавна набавка да се жалат
и да ги видат условите како може една фирма којашто е формирана со така мал капитал и за толку кратко време, да е во состојба да набавува опрема за државна институција во таков износ.“

Фирмата „Висарис“ која го добила тендерот се обврзала дека до октомври ќе ги достави апаратите до јавните здравствени установи но од
Нема тука паралела.Јас ниту сум дал тендер на мој татко, нит на братучед, нит на снаа како што тоа го правел Заев.
Никола Тодоров, министер за здравство.
надлежните институции се уште нема одговор дали тоа е сторено односно дали се испочитувани обврските во делот на основната набавка.

Според последните информации од Централен регистар кои што ги објави опозицијата главната уредничка на Вечер била доминантен сопственик и основач на компанијата „ Висарис“ со влог од 3 илјади евра заедно со Марко
Податоци од Централен регистар.
Податоци од Централен регистар.
Петровиќ кој што вложил 2 илјади евра. По девет месеци од формирањето на фирмата во 2011 година, откако е распишан тендерот на министерството за здравство таа се повлекла од сопственичкиот пакет и како единствен сопственик останал нејзиниот партнер Петровиќ вели портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

„Само шест месеци од добиениот
Немам коментари, искоментирано е претходно од страна на претставници на владата.
Зоран Ставрески, министер за финансии.
милионски бизнис, во фирмата ВИСАРИС МКД Скопје се враќа бизнисменката Талевска, преку мајката Лимба Талевска, а самата Ивона Талевска е лице за контакт. Ова господине министре не е малку неетичко, туку е класичен пример за медиумска корупција од невидени размери. Овде не станува збор за немање етика, туку за задоволување на материјалните апетити на луѓето
Податоци на Марнет за интернет доменот apoteka.mk.
Податоци на Марнет за интернет доменот apoteka.mk.
кои ги остваруваат медиумските апетити и интереси на вашиот шеф Никола Груевски.“

Претходно министерот за здравство Никола Тодоров ја убедуваше јавноста дека постапката била законска а неетичката ситуација настанала откако завршил тендерот.

„Не се согласувам со промените кои се настанати по склучувањето на договорот. Разочаран сум затоа што од еден многу добар проект, од еден тендер кој резултираше со склучување на договор, кој требаше да донесе дигитални апарати во јавните здравствени установи и да се оневозможи една пракса на постојано купување на скапи филмови, еден бизнис на практично исцедување на средства од ЈЗУ. Настана ситуација која би ја окарактеризирал како малку неетичка, иако е целосно во согласност со законот.“

Тодоров во интервју за Канал 5 изјави дека СДСМ организира хајка против него во момент кога тој спроведува постапки кои што што нанесуваат штета на компании кои продавале скапи филмови и реагенси во здравствените установи.

„СДСМ сака да направи една паралела меѓу скандалот на нивниот претседател Зоран Заев и тендерите што ги давал на свои блиски и оваа ситуација со овој тендер. Нема тука паралела.Јас ниту сум дал тендер на мој татко, нит на братучед, нит на снаа како што тоа го правел Заев.“

Тој додава дека доколку се докаже оти има повреда на некоја постапка ќе го раскине договорот.

„Јас да сум склучил договор дирекно со некој со кој што имам конфликт на интерес, значи да сум дал тендер на некој што е дирекно поврзан со мене како што е татко, снаа, стрина и така натаму јас без размислување дента ќе си поднесев оставка.Но овде имаме различна ситуација. Овде имаме ситуација во која што сме склучиле договор со една компанија која после 6 месеци прави промена во соственичката структура и еден дел од таа фирма е купена од една јавна личност и тоа е она што за мене е неетично.“

Во чии џебови завршуваат парите од државните тендери зад кои стојат луѓето од власта прашуваат од опозициската СДСМ која ја обелодени аферата.
Податоци на Марнет за интернет доменот apoteka.mk.
Податоци на Марнет за интернет доменот apoteka.mk.

„Признанието на Тодоров, дека имало промени во сопственоста на фирмата го отвора прашањето колку тендери во Министерството за здравство, и останатите државни институции се доделени на овој начин? Додели го тендерот па потоа ќе се покажат вистинските сопственици на фирмата.Која е таа логика, прво да се добие милион евра на тендер а потоа да се поклони доминантата сопственост на фирмата и тоа баш на мајката на Ивона Талевска? Кој лобира овие фирми да ги добиваат тендерите на овој начин за парите потоа да завршат на вистинското место?“, вели Шилегов.

Министерот за Финансии Зоран Ставрески не сакаше ништо да коментира за случувањата.

„Немам коментари, искоментирано е претходно од страна на претставници на владата.“

Разликата во документите кои што ги објави опозицијата и власта е во датумите и селективното презентирање на информациите. Министерството за здравство објави податоци од Централниот регистар според кои во декември 2010 единствен сопственик на фирмата е Петровиќ. Додека според историјатот на фирмата од истата институција, доминантен сопственик и основач била Ивона Талеска, па потоа единствен сопственик бил Петровиќ па потоа како содружник во фирмата станува мајката на Ивона, Лимба Талеска.

Дополнително на Марнет како административен контакт за интернет страната на „висарис“ е заведена Ивона Талеска, како дел од друштвото за маркетинг и пропаганда СМАРТ ГРУП, фирма која што го регистрирала доменот. Според податоците од Централен регистар сопстеник на оваа фирма е мајката на Ивона, Лимба Талеска.

Истата фирма и административен контакт се заведни на Марнет дека се регистранти на доменот апотека.мк.

Интересен факт според Марнет ( регистарот на интернет страниците) е дека техничкиот контакт на овие два сајта како и на новиот агрегатор вести.мк кој е регистриран од фирмата за маркетинг ТОТАЛ МЕДИА ЦЕНТАР и главниот уредник на Сител телевизија Драган Павловиќ Латас е според објавените текстови во Вечер, веб – администраторот на дневниот весникот „Вечер“, Иван Барјактов.
Во меѓувреме преку писмено соопштение компанијата „Висарис“ се закани со тужби за клевета поради невистините што се изнесени во јавноста заради политички манипулативни цели. Но, реакција од Талеска до сега во јавноста немаше.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG