Македонија има склучено договори за една четвртина од европските пари наменети за „европеизација“ на општеството, а 20 милиони евра од претпристапните фондови кои ни беа на располагање изгореа поради неискористеност, велат упатените. Секретаријатот за европски прашања проценува дека 34 отсто од наменетите пари се покриени со потпишани договори и тоа според пресек направен за 2013 година.
Според вицепремиерот Бесими немало поголема искористеност, меѓу другото и поради програмирањето и административните капацитети.
„Во однос на програмирање, кога се прават проектните фишеа и во стратешкото планирање во однос на тајмингот, планот, дека доцнат институциите и вработените во ИПА структури, покрај потребниот професионален капацитет и што се ангажираат консултанти, ИПА секторите кај нас во одредени институции добиваат и други задачи“, рече Бесими.
Евроамбасадорот Аиво Орав се навраќа на предизвиците со кои се соочува Македонија во повлекувањето на средствата.
„Меѓу предизвиците со кои се соочуваме се потешкотиите при апсорпција, бидејќи институциите се слабо екипирани во поглед на квалитетот, а и во некои случаи и квантитетот. Директната врска со помошта и подготвеноста на институциите се потребни за осигурување на одржливи резултати“, рече Орав.
Ако Македонија не успеа да искористи повеќе европски пари поради вакви проблеми, се поставува прашањето што правевме? Зошто овие предизвици се провлекуваат од 2007 година до лани за на крај да завршиме со 34 проценти од парите за кои има само договори? Бесими одговара:
„Овие проценти се пресек за 2013, беа презентирани како компоненти во различен период, останува дека можат да се реализираат“, рече тој.
Лидија Димова од Советот за евроинтеграции на СДСМ, вели дека најточна проценка има во извештајот за напредокот на Македонија.
„Таму децидно пишува дека Македонија има склучено договор само за една четвртина од ИПА износот што е наменет за државата, значи само за 25 проценти, меѓутоа станува збор за склучени договори, не за реализирани, не за апсорбирани средства и тука е практично манипулацијата на Владата, се манипулира со термините, се манипулира со терминот склучени договори, наспроти терминот дисперзирани средства“, вели Димова.
Склучен договор не е гарант дека парите во целост ќе се повлечат и искористат, појаснува Димова.
„Тие го нарекуваат контактирани од ИПА за кои се склучени договори, меѓутоа тоа е далеку од апсорпцијата, никој не ви гарантира дека тој проект до крај успешно ќе се реализира, е ситуацијата на Македонија е таква“, вели таа.
И тоа е наведено и во податоците на Секретаријатот - наместо точна проценка за тоа колку пари сме повлекле и потрошиле од Европа, се проценува „процент на потпишани договори во однос на алоцирани ИПА средства“, а судејќи според изјавите на вицепремиерот, тоа е само пресек направен за 2013 година. Од друга страна, Македонија се задолжува и дома и во странство. Наместо повеќе да се трошат неповратните пари од Европа, власта се неделава се задолжи за 24 милиони долари, со 18 години доспевање и 5 години грејс период. Во меѓувреме, во македонското собрание, власта и опозицијата се расправаат околу тоа зошто не се соопштува нивото на јавниот долг, за што се трошат скапи пари од кредити и кој чии долгови подмирува.
Покрај потребниот професионален капацитет и што се ангажираат консултанти, ИПА секторите кај нас во одредени институции добиваат и други задачи.Фатмир Бесими, вицепремиер за евроинтеграции.
Според вицепремиерот Бесими немало поголема искористеност, меѓу другото и поради програмирањето и административните капацитети.
„Во однос на програмирање, кога се прават проектните фишеа и во стратешкото планирање во однос на тајмингот, планот, дека доцнат институциите и вработените во ИПА структури, покрај потребниот професионален капацитет и што се ангажираат консултанти, ИПА секторите кај нас во одредени институции добиваат и други задачи“, рече Бесими.
Меѓу предизвиците со кои се соочуваме се потешкотиите при апсорпција, бидејќи институциите се слабо екипирани во поглед на квалитетот, а и во некои случаи и квантитетот.Аиво Орав, евроамбасадор.