Достапни линкови

Депонија во Осломеј за решавање на проблемите со отпадот


Архивска фотографија: Депонија во Кичево.
Архивска фотографија: Депонија во Кичево.

Поранешниот рудник во Осломеј кај Кичево е можна локација каде конечно би се изградила регионалната депонија за Југозападниот плански регион.

Поранешниот рудник во Осломеј кај Кичево е можна локација каде конечно би се изградила регионалната депонија за Југозападниот плански регион. Одлагањето на отпадот со години е сериозен проблем за македонските општини, а многу често истиот се одлага на несоодветни локации за тоа. Овој регион опфаќа девет општини, а неодамна се одржа средба помеѓу преставници од Министерството за животна средина со првите луѓе на регионот.
Во југозападниот плански регион како препорака од Владата е прифатена за регионална депонија локацијата на поранешниот рудник во Осломеј.
Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.

Мирјана Лозаноска, директор на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, вели дека Општина Кичево веќе работи на соодветно информирање на граѓаните на овој град.
Средба помеѓу преставници од Министерството за животна средина и претставници на Југозападниот плански регион за изградба на депонија.
Средба помеѓу преставници од Министерството за животна средина и претставници на Југозападниот плански регион за изградба на депонија.

„Во југозападниот плански регион како препорака од Владата е прифатена за регионална депонија локацијата на поранешниот рудник во Осломеј. Општина Кичево работи на подигање на свеста и навикнување на населението на еден таков момент и тоа оди многу успешно“, вели Лозаноска.
Сега ни се на располагање средства од ИПА фондовите како земја кандидат, но ни требаше период да ги исполниме условите за да може Европа да ни ги испорача тие пари и да се знае дека ќе ги искористиме за вистинската цел.
Ана Каранфилова Мазнева, раководителка на секторот за управување со отпад при Министерството за животна средина.

Таа посочува дека наредниот период треба да се искористи за да се добие комплетна слика за количините на отпад што се генерираат на ниво на плански регион и можностите тој понатаму да се користи, бидејќи за потенцијалите инвеститори овие две прашања се најважни.

Ана Каранфилова Мазнева, раководителка на секторот за управување со отпад при Министерството за животна средина, вели дека целиот овој процес не е толку лесен и едноставен.

„Проблемите се гледаат во недостаток на човечки ресурси и финансии. За секој процес треба знаење, но и пари. Сега ни се на располагање средства од ИПА фондовите како земја кандидат, но ни требаше период да ги исполниме условите за да може Европа да ги алоцира тие средства, да ни ги испорача тие пари и да се знае дека ќе ги искористиме за вистинската цел“, вели таа.

Заменик министерот за животна средна Стево Темелковски повика сите засегнати страни активно да се вклучат во овој процес. Во текот на 2015 година треба да започне тендерската процедура за искористување на одобрените 10 милиони евра за утврдување на локацијата на депонијата, потенцијалните трансфер-станици, затворање на постојните диви депонии, техничко дизајнирање на депонијата и доколку биде дозволено, снабдување на комуналните претпријатија со нови и модерни возила.

„Интегрираното управување со отпад подразбира и изградба на една модерна, стандардизирана регионална депонија каде ќе биде собиран отпадот. Во секој случај, тоа подразбира и изградба на трансфер станици коишто се многу значајни. Така отпадот во помал процент ќе доаѓа на депонија“, рече Темелковски.
XS
SM
MD
LG