Достапни линкови

Живот до депонија


Децата си играат на депонијата во Кичево
Децата си играат на депонијата во Кичево

Кичевчанката Шаха Коџаџиклиоска повеќе од три децении живее во непосредна близина на градската депонија.

Шаха Коџаџиклиоска има проблеми на дишните патишта зашто секој ден го вдишува чадот од сметот што се пали на депонијата. Но, таа повеќе се плаши за здравјето на своите внуци, зашто и куќите на трите синови се веднаш до нејзиниот дом.
Од 1975-та година до сега стално носат, депонија е тука, реката ја фатија цела. Секогаш кога врне дожд ние стравуваме, еве ги гледате овие куќи овде синови мои, внучиња имаме, мали деца многу смрди летно време, пенџере не можеш да отвориш, после откако ќе го истурат ги тераат луѓето нивни од Комуналец да го палат тоа ѓубре и тоа мириса ужасно.


„Од 1975-та година до сега стално носат, депонија е тука, реката ја фатија цела. Секогаш кога врне дожд ние стравуваме, еве ги гледате овие куќи овде синови мои, внучиња имаме, мали деца многу смрди летно време, пенџере не можеш да отвориш, после откако ќе го истурат ги тераат луѓето нивни од Комуналец да го палат тоа ѓубре и тоа мириса ужасно.“

Како Коџаџиклиоска исти проблеми имаат и другите жители во околината.

„Депонијата везден ја палат, тоа смрдеата не можеме пенџерињата да ги отвориме, деца мали надвор играат, гас маска да ставаат, друго сите тие болести од кучиња пцовисани.“

„Да пружиш алишта, на пример, чаршафи кога ќе ги внесеш другиот ден дома, ги ставаш вака тие смрдат. Реката Треска ја загадува, депонијата оди право во Треска“, се жалат жителите.

Поглед од дома: Депонијата во Кичево

Расфрлани ѓубришта, смет, секаков вид отпад кој како брана го запира текот на реката и од кој што со километри се шири непријатен мирис, а врз него летаат и бараат храна јата од чафки и кучиња скитници. Ова е лицето на градската депонија во Кичево. На половина километар од оваа еколошка бомба се наоѓа градската болница и елитна урбана населба.

„Toa овде е магла...филмот Хичкок. Огромен чад, смрдеа не се издржува, буквално. Тука во близина детскиот диспанзер, болницата со сите одделенија, гинеколошко, неонатолошко. Повеќе пати, во повеќе наврати е реагирано кај директорот на јавното претпријатие. Доста имаме високи комуналии што плаќаме.“

Градоначалникот на Кичево, Благоја Деспотоски тврди дека интензивно работи на решавање на проблемот. На меѓународниот тендер за изградба на депонија по современи стандарди, се јавил само еден понудувач, па овој обид на локалната самоуправа е неуспешен. Според Деспотоски, времено решение е да се дислоцира отпадот во соседната општина Пласница, за што се водат преговори.

„Најдобро решение за Општина Кичево ќе биде доколку во полошкиот регион се реши проблемот со депонијата. Тие се веќе во втора фаза на објавување на меѓународен тендер и се најде управител на депонијата во Гостивар. Таа ни е најблиску и ние мислиме тука да направиме претоварна станица и на тој начин да го решиме проблемот“, изјави градоначалникот Деспотоски.

Сите локални гарнитури ветувале, но ниту една досега не го решила овој најголем комунален проблем на кичевчани стар повеќе од три децении.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG