Законите за административците кои поминаа во Собранието на прво читање, ги снајде слична судбина како и пакет законите за медиуми.
Се преговараше неколку години, во нивното изготвување учествуваа експерти од Европа, Владата преговараше со репрезентативниот претставник на засегнатите страни. Но, во последен момент законите влегоа во собраниска процедура поинакви од договореното, а стариот партнер го заменија со нов партнер којшто често и не го застапува мнозинството од засегнатите страни и се вклучува само за да и помогне на Владата да покаже оти законите се донесени транспарентно во социјален дијалог, велат аналитичарите.
Правникот и синдикален експерт Драге Јовановски вели дека Владата секогаш си наоѓа покритие во провладин партнер.
„Тие си бираат синдикат, по однос на репрезенативноста нема критериуми во оваа држава, не се знае кој колку членови има, а втора работа се преговара и разговара со кој било кој е во интерес на владејачката партија, односно сегашната власт.“
Јовановски смета дека социјален дијалог не постои и дека ова во догледно време нема да се смени, а последиците од таквата ситуација се сè помалите права на вработените по разни основи.
„ Тие ќе бираат секогаш поволен партнер, односно партнер којшто тие го поставиле, дел од овие синдикати власта ги поставила, и
сега нормално тие мора да ќутат, мора да бидат кукли, тие се седнати во скутот нивни, и овие сега си играат со нив и ќе бидат донесени по разно-разни нелегитимни постапки, значи постапки кои оделе надвор од законот и нормално првите луѓе ќутат и како ноеви гледаат во песокот.“
Тој додава дека очигледно е оти правата на администрацијата ќе бидат скратени, дека платата наместо да се зголемува ќе се намалува и дополнително е проблематично има непринципиелноста во законите како што е експертското познавање на странски јазик.
Од министерството за информатичко општество и администрација не добивме реакција за барањето на синдикатот на администреативците УПОЗ пакет законите да се повлечат.
Министерот Иво Ивановски во едно интервју за Радио Слободна Европа изјави дека од септември 2011 година работат на еден закон за администрација каде што ќе бидат опфатени и државни службеници и вработените во јавниот сектор.
„Од аспект на администрацијата, веќе работиме на нов Закон за администрација, каде Законот за државни службеници и Законот за јавни службеници ќе бидат опфатени во еден закон, да се знае, бидејќи сепак во општеството постојат некои нејаснотии за тоа кои се опфатени со јавни службеници, кои со државни службеници. Овој закон ние го почнавме уште во септември минатата година, сега ни се приклучи и експерт од ЕК, тоа е опфатено со проект кој е со поддршка на ЕК за ИПА фондови “ изјави министерот во април 2012 година.
Претседателот на УПОЗ ( Синдикатот на работниците од Управа и правосудски органи) Пеце Грујовски изјави дека синдикатот учествувал во дијалогот околу оваа законска верзија именувана како закон за администрација, но пред еден месец добиле нова верзија поделана на два закона која концепциски многу се разликувала од претходната и додека траеле нивните обиди за преговори, пакетот закони веќе влегле во собраниска процедура.
Грујовски вели дека не ја разбира улогата на Сојузот на Сидникати која вчера дава поддршка на законите, затоа што УПОЗ е мнозинскиот синдикат кој што ги застапува вработените во администрацијата.
„А колективен договор кога ќе треба да се потпише за државни и јавни службеници ние ќе треба да го потпишеме, се разбира со тие синдикати заедно но главниот збор треба ние да го имаме не во смисла да диктираме како да иде што да иде, меѓутоа ние сме најзасегнати, кај нив има по 100 до 200 јавни службеници а кај нас 80 проценти од членството се државни службеници“, изјави Пеце Грујовски.
Во собранието пак заменик министерката Марта Арсовска Томовска ги негираше тврдењата дека некој бил запоставен во процесот на изготвување на законот.
„Само да појаснам за волја на вистината, законот беше изработен во широк консултативен процес, изработката траеше повеќе од 2 години, беа вклучени претставници од сите институции и сите синдикати.“
Во слична ситуација беше и носењето на пакет законите за медиумската сфера. Неодамна ЗНМ испрати писмо до Европската федерација на новинари во кои се жали дека се изиграни на заедничката прес-конференција со министерот Ивановски околу новиот промени во законот за кои биле известени само неколку минути пред заедничкиот настап.
Се преговараше неколку години, во нивното изготвување учествуваа експерти од Европа, Владата преговараше со репрезентативниот претставник на засегнатите страни. Но, во последен момент законите влегоа во собраниска процедура поинакви од договореното, а стариот партнер го заменија со нов партнер којшто често и не го застапува мнозинството од засегнатите страни и се вклучува само за да и помогне на Владата да покаже оти законите се донесени транспарентно во социјален дијалог, велат аналитичарите.
Тие си бираат синдикат, по однос на репрезенативноста нема критериуми во оваа држава, не се знае кој колку членови има, а втора работа се преговара и разговара со кој било кој е во интерес на владејачката партија.Драге Јовановски, синдикален и правен експерт.
Правникот и синдикален експерт Драге Јовановски вели дека Владата секогаш си наоѓа покритие во провладин партнер.
„Тие си бираат синдикат, по однос на репрезенативноста нема критериуми во оваа држава, не се знае кој колку членови има, а втора работа се преговара и разговара со кој било кој е во интерес на владејачката партија, односно сегашната власт.“
Јовановски смета дека социјален дијалог не постои и дека ова во догледно време нема да се смени, а последиците од таквата ситуација се сè помалите права на вработените по разни основи.
„ Тие ќе бираат секогаш поволен партнер, односно партнер којшто тие го поставиле, дел од овие синдикати власта ги поставила, и
Ние сме најзасегнати, кај нив има по 100 до 200 јавни службеници а кај нас 80 проценти од членството се државни службеници.Пеце Грујовски, УПОЗ.