Достапни линкови

Медиумските закони допрва ќе продуцираат проблеми


Законите за медиуми пред пратениците на Комисиска расправа.
Законите за медиуми пред пратениците на Комисиска расправа.

Нелогично е и тоа што за овие закони нема согласност од сите медиумски здруженија, а нејасно е зошто тие прво се донесуваат, а потоа се остава можност за нивно менување, вели Билјана Петковска од МИМ.

Владините реклами, дефинирањето на професијата новинар, финансирањето на домашното производство на играна и документарна програма, казните, поставеноста на Агенцијата за регулација, состојбата со МРТВ, остануваат главни забелешки на новите медиумски закони.
Законите не ги решаваат клучните проблеми на медиумите, а тоа се пред се рекламирањето на политичките партии за време на избори, како и можноста медиумите и понатаму да се јавуваат во улога на донатори на политичките партии.
Билјана Петковска, МИМ.

Македонскиот институт за медиуми, стои позади одлуката дека е против носење на каков било закон за медиуми, оти тие не ги решаваат клучните проблеми на новинарите. Еве зошто според директорката на МИМ, Билјана Петковска се проблематични дел од спорните точки во законите.

„Законите не ги решаваат клучните проблеми на медиумите, а тоа се пред се рекламирањето на политичките партии за време на избори, како и можноста медиумите и понатаму да се јавуваат во улога на донатори на политичките партии и другото
прашање е прашањето за државното рекламирање и фактот што владата е огласувач број еден во радио-дифузните медиуми. Проблем остануваат и економските и социјалните права на новинарите, затоа што законот за работни односи не се спроведува во целост, а не постои согласност за постигнување на колективне
Агенцијата за медиуми има преголема моќ, бидејќи де-факто е надлежна да ги спроведува и двата закони, што не е случај кај многу држави кадешто постојат повеќе закони што ја регулираат медиумската дејност.
Билјана Петковска, МИМ.
договор.“

Нелогично е и тоа што за овие закони нема согласност од сите медиумски здруженија, а нејасно е зошто тие прво се донесуваат, а потоа се остава можност за нивно менување, сугерира Петковска.

„Агенцијата за медиуми има преголема моќ, бидејќи де-факто е надлежна да ги спроведува и двата закони, што не е случај кај многу држави кадешто постојат повеќе закони што ја регулираат медиумската дејност и соодветно регулацијата и надлежноста за имплементација е поделена помеѓу повеќе регулаторни тела. Проблем е и тоа што законот и доделува задача на владата да определува кое здружение на новинарите е мнозинско и соодветно да биде застапено во Агенцијата за медиуми и во Советот на јавниот сервис, тоа е проблематично затоа што се случува во услови кога псотојат две конкурентски здруженија, од кои едното смета дека владата е безгрешна и дека секогаш е во право. Тоа раѓа сомнеж за објективноста при селекцијата на тоа кое здружени е репрезентативно.“

Поради сето ова, Петковска смета дека стравот кај новинарите е голем, бидејќи се остава простор со оваа законска регулатива да се ограничи и онака кревката слобода на медиумите.

Инаку вчера со 61 глас „за“ Собранието го донесe дополнетиот предлог-закон за медиуми во второ читање. Претходно 62 пратеници гласаа за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Министерот за информатичко општество Иво Ивановски најави дека на идната владина седница ќе ги достави предлог амандманите на двата медиумски закони, додавајќи дека по договореното со претставниците на ЗНМ, во законот за медиуми комплетно ќе се изостават електронските публикации, електронските портали. За печатените медиуми ќе остане само обврската за импресум и обврската за транспарентност во работењето и онаа што се однесува на заштита на малолетни лица од порнографски содржини“
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG