Слобода - да, режим- не. Да не се повтори никогаш повеќе 24 декември, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на одбележувањето на годишнината од исфрлањето на опозициските пратеници и новинарите од Собранието. Пред точно една година Никола Груевски и ВМРО- ДПМНЕ со примена на бруталност и насилство невидени и незапаметени во поновата демократска европска историја, го дефинираа режимското владеење во Македонија, рече Заев.
„На тој мачен и мрачен 24-ти Декември, владејачкото мнозинство го суспендира Уставот, законите, институциите. Од храм на демократијата, парламентот го претвори во срам на македонската држава“, изјави претседателот на СДСМ.
Тој додава дека пред една година власта се обидела да и зададе удар на кревката македонска демократија, да ја убие вистината, но желбите не им се оствариле.
„Една година потоа вождот е гол. Разобличен и демаскиран. Системот на владеење на ВМРО ДПМНЕ е пред колапс. Од ден на ден се руши како кула од карти. Се ближи крајот на оваа разулавена власт. Веќе ништо не ги спасува.
Ниту пендрек, ниту лотарија. 24-ти декември 2012-та година не смееме да го заборавиме. За опомена и поука. Никогаш повеќе да не ни се повтори“, рече Заев.
Денешната прес-конференција на СДСМ е по налог на Црвенковски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. За владејчкото мнозинство изјава на Заев е трагична, жална и тотално надвор од реалноста.
„Кога ќе згрми Бранко Црвенковски, Зоран Заев се постројува и го потворува тоа што тој го зборуваше лани на истиот ден. Оваа прес конференција освен што покажува под каква контрола е Зоран Заев, исто така покажува и колку некогаш човековата природа знае да забега, потценувајќи ги граѓаните и ветувајќи им брда и долини“, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Опозицијата со едноминутно молчење за 12/24
Пратениците од опозицијата со едноминутно молчење свртени со грб кон претседателот на собранието Трајко Вељаноски ја одбележаа годишнината од 24 декември. Тие беа облечеи во бели маички на која пишување „слобода“, а на грбот зборот „режим“ беше пречкртан.
Исфралњето на новинарите да не се заборави
На „црниот понеделник“ се потсетија и новинарите. Од Здружението на новинарите велат дека помина цела година од насилното исфрлање на новинарите од собраниската галерија, а се уште никој не понесе политичка одговорност, ниту има правна разврска на овој случај.
ЗНМ во февруари годинава поднесе иницијатива пред Уставниот суд, во кое бара да се изјасни дали со исфрлањето на новинарите од собраниската галерија е повреден уставното начело за слобода и право на јавно изразување на мислата. И покрај тоа што изминаа десет месеци од поднесување на претставката, Уставниот суд уште не се изјасни. Претседателот на ЗНМ, вели дека очекуваат одговор од Уставен, во спротивно ќе се обратат до европскиот Суд за човекови права во Стразбур.
„Затоа што колеги мора да има институционала разврска за овој случај. Ова е тешко повредување на Уставот, и ако ние не инсистираме до крај ова да се расчисти, нема никаква гаранција дека вакви инциденти, тешки инциденти, такви тешки прекршувања на Уставот, тешки прекршувања на нашите права како новинари, но и јавноста да биде информирана, нема никаква гаранција дека нема да се повторат.“
Од Синдикатот на новинари велат дека една година по 24 декември кога новинарите беа насилно исфрлени од Собранието, „исфрлањето“ денеска продолжува преку Законот за медиуми кој се носи нетранспарентно и по итна постапка.
„Исфрлањето продолжува со селективното финасирање преку реклами за одредени медиуми, преку отпуштањата на нашите колеги и нивно затворање и судење за напишан текст, како и преку игнорирањето на новинарскиот синдикат и работните права на новинарите. Нашите колеги се повеќе се соочуваат со цезура, автоцензура, несигурни и неформални вработувања, а властите со ништо не покажуваат дека имаат намера да запрат со нападот на професијата која е столб на демократијата и чувар на слободата“, велат од ССНМ.
Изутринава, една година од тој настан, пред Собранието се одржа мирен протест. Група граѓански активисти со транспарент „Борбата продолжува“ порачаа дека не го заборавиле исфрлањето на новинарите и пратениците од Собранието.
24-ти декември 2012-та година не смееме да го заборавиме. За опомена и поука. Никогаш повеќе да не ни се повтори.Зоран Заев, претседател на СДСМ.
„На тој мачен и мрачен 24-ти Декември, владејачкото мнозинство го суспендира Уставот, законите, институциите. Од храм на демократијата, парламентот го претвори во срам на македонската држава“, изјави претседателот на СДСМ.
Тој додава дека пред една година власта се обидела да и зададе удар на кревката македонска демократија, да ја убие вистината, но желбите не им се оствариле.
„Една година потоа вождот е гол. Разобличен и демаскиран. Системот на владеење на ВМРО ДПМНЕ е пред колапс. Од ден на ден се руши како кула од карти. Се ближи крајот на оваа разулавена власт. Веќе ништо не ги спасува.
Кога ќе згрми Бранко Црвенковски, Зоран Заев се постројува и го потворува тоа што тој го зборуваше лани на истиот ден.Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Денешната прес-конференција на СДСМ е по налог на Црвенковски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. За владејчкото мнозинство изјава на Заев е трагична, жална и тотално надвор од реалноста.
„Кога ќе згрми Бранко Црвенковски, Зоран Заев се постројува и го потворува тоа што тој го зборуваше лани на истиот ден. Оваа прес конференција освен што покажува под каква контрола е Зоран Заев, исто така покажува и колку некогаш човековата природа знае да забега, потценувајќи ги граѓаните и ветувајќи им брда и долини“, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Затоа што колеги мора да има институционала разврска за овој случај. Ова е тешко повредување на Уставот, и ако ние не инсистираме до крај ова да се расчисти, нема никаква гаранција дека нема да се повторат.Насер Селмани, ЗНМ.