Достапни линкови

Собраниска работна група за препораките од 24 декември


Во собранието се формираше работната група која треба да овозможи спроведување на единаесетте препораки од извештајот за 24 декември.

Во согласност со извештајот на ад хок комисијата за настаните од 24 декември, во собранието се формираше работната група која треба да овозможи спроведување на единаесетте препораки од извештајот. Иако нема конкретни рокови до кога ова тело треба да ја заврши својата цел, од владејачката партија се надеваат дека сите препораки ќе бидат спроведени во најбрз можен рок, за, како што велат, Македонија да добие позитивен извештај од Европската комисија.
Работната група воопшто нема мандат да зборува за никаква политичка одговорност, во делот на политичката одговорност ставот на ВМРО-ДПМНЕ ви е јасен и многупати повторен. Ние сме согласни да ги исполниме препораките коишто стојат во извештајот.
Силвана Бонева, ВМРО-ДПМНЕ.

„Работната група воопшто нема мандат да зборува за никаква политичка одговорност, во делот на политичката одговорност ставот на ВМРО-ДПМНЕ ви е јасен и многупати повторен. Ние сме согласни да ги исполниме препораките коишто стојат во извештајот“, изјави Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, за имплементацијата на договорот треба да учествуваат, одговорни се човекот и жената кои рекоа дека договорот е палома хартија. Но тоа е ВМРО-ДПМНЕ, за нивниот карактер којшто на сите им е очигледен немам потреба дополнително да коментирам.
Игор Ивановски, СДСМ.
За СДСМ, пак, денешната координација кај собранискиот спикер Трајко Вељаноски била техничка и нејзината цел била да се спроведе договореното од извештајот на ад хок комисијата. Очекуваме работната група веднаш да почне со работа со оглед на тоа што во договорот за имплементација на извештајот се содржани бројни обврски кои значат содржински измени на лошото и катастрофално функционирање на парламентот, рече Игор Ивановски од СДСМ. На прашањето како ќе се спроведуваат препораките кога во телото учествуваат претставниците на владејачката партија кои се оградија од правните квалификации, Ивановски со став:

„Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, за имплементацијата на договорот треба да учествуваат, одговорни се човекот и жената кои рекоа дека договорот е палома хартија. Но тоа е ВМРО-ДПМНЕ, за нивниот карактер којшто на сите им е очигледен немам потреба дополнително да коментирам“, рече Ивановски.

Со работната група ќе претседава Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, а оваа партија ќе ја претставува и Благородна Дулиќ, претставници на СДСМ ќе бидат Игор Ивановски и Цветанка Иванова, а ДУИ ќе ја застапува Неџати Јакупи. Од Демократската партија на Албанците соопштија дека нема да имаат свој член во работната група, оти сите случувања поврзани со извештајот за нив се политичка фарса. Според ДПА во земјава има многу поважни прашања на кои треба да се фокусираме.

„Вистинскиот проблем е начинот на којшто се адресираат проблемите во Република Македонија. Се создава проблем за да после истиот се реши и за истиот да се чека позитивно мислење од страна на Европската комисија, изјави координаторот на пратеничката група на ДПА“, Имер Алиу.

Од ДУИ со став дека од општ интерес е имплементацијата на препораките на овој извештај, особено во делот на измените на законот за Собранието и на Деловникот.

„Генерално ќе се придржуваме на препораките од извештајот и секако сето она што би било во интерес на подобрување на текстот и на Законот за собрание, а и на Деловникот, а што ќе произлезе од работењето на оваа работна група“, изјави Неџати Јакупи од ДУИ.

Во врска со меморандумот за поддршка на евроатланските интеграции кој го изготвил ВМРО-ДПМНЕ, а кој во текот на денот треба да биде доставен во собраниска процедура, од владејачката партија очекуваат сите политички партии да го потпишат. Ивановски, пак, изјави дека СДСМ за него слушнал од медиумите и оти евентуалните забелешки би ги кажале откако ќе ја видат содржината на истиот.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG