Достапни линкови

Не се спроведува нешто што не се признава


Потпишан извештајот за настаните од 24 декември.
Потпишан извештајот за настаните од 24 декември.

Правните експерти не се оптимисти дека работното тело ќе ги спроведе единаесетте препораки на извештајот за 24 декември и дека и за нив ќе има спротиставени мислења.

По спротиставените реакации на власта и опозицијата за содржината на извештајот на комисијата за настаните од 24 декември, следи формирање на работната група која треба да овозможи спроведување на препораките кои беа содржани во извештајот.
Тоа што не се согласуваат со нив значи дека прво воопшто не постои свест за одговорноста, она што се случило, и второ не постои ни елементарна желба за изнаоѓање на фактичката ситуација односно на проблемите кои довеле до таква ситуацијa.
Мирјана Најчевска, универзитетски професор.

Од Социјалдемократскиот сојуз очекуваат работното тело кое ќе биде формирано на паритетна основа и во кое ќе се одлучува со консензус да врши притисок на власта за како што велат да не може комотно да се однесува. Работната комисија меѓудругото треба да работи на усогласување на актите и процедурите во Собранието, на Етичкиот кодекс како и на измена на деловникот донесен од страна на владејачкото мнозинство без учество на опозицијата.
Средба на вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими Борче Давитковски, претседател на ад-хок комисијата за расветлување на настаните на 24 декември 2012 година.
Средба на вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими Борче Давитковски, претседател на ад-хок комисијата за расветлување на настаните на 24 декември 2012 година.

Иако преку изјавите во јавноста на власта ја оспори тежината на овој правен документ, од СДСМ велат дека се навикнати на ваквото однесување на власта и оти договорот всушност ја кажува вистината за тоа што се случило на критичниот ден во македонското собрание.
Јас сум песимист дека работната група ќе може да ги имплементира, дотолку повцеќе што во работната група ќе имаме членови со спротиставени интереси, мислења и ставови, а од друга страна пак иако извештајот беше потпишан, сепак кога станува збор за правните квалификации гледаме дека тие се поделени во нивните ставови.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

Правните експерти велат дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ всушност не ги признава политичките квалификации, односно правните објаснувања во договотрот.
Во извештајот нема вистински правни квалификации оти таа значи директно повикување на одреден член од Уставот или законот со соодветно дефинирање на делото кое е направено, објаснува професор Мирјана Најчевска.

„Тоа што не се согласуваат со нив значи дека прво воопшто не постои свест за одговорноста, она што се случило, и второ не постои ни елементарна желба за изнаоѓање на фактичката ситуација односно на проблемите кои довеле до таква ситуација“, вели Најчевска.

Токму затоа и препораките кои ги содржи извештајот пружат можности за различни толкувања, вели Најчевска и очекува можни проблеми во однос на нивното спроведување кое пак треба да го обезбеди работното собраниско тело.

„Вака формулирани препораките даваат можност за најширок начин на толкување, што значи дека можеме да очекуваме отворање на една многу широка расправа што сакале да кажат препораките, што всушност тие бараат, што е она што би требало да се менува, а што не треба да се менува, така што очекувам дека целата работа ќе се разводни до ниво на непреземање на ништо суштинско“, изјави Најчевска.

И професорот Осман Кадриу не е оптимист дека работното тело ќе ги спроведе единаесетте препораки на извештајот и дека и за нив ќе има спротиставени мислења.

„Јас сум песимист дека работната група ќе може да ги имплементира, дотолку повеќе што во работната група ќе имаме членови со спротиставени интереси, мислења и ставови, а од друга страна пак иако извештајот беше потпишан, сепак кога станува збор за правните квалификации гледаме дека тие се поделени во нивните ставови“, вели Кадриу.

Во меѓувреме премиерот Никола Груевски вчера изјави дека ВМРО-ДПМНЕ изработило меморандум за поддршка на евроатланските интеграции кој ќе го достави во собраниска процедура, а чија цел е да ја потврди заложбата на сите политички партии за македонските евроинтеграции.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG