Пишувањето стихови е порив, еден внатрешен порив којшто постојано тлее во мене и тоа е една потреба за да се изнесе на виделина она што е невидливо – ќе забележи Марина Мијаковска, непосредно по објавувањето на одлуката на жирито дека таа за својата трета поетска објава „Психоаналитичка алхемија на страсти“ е годинешната добитничка на наградата „Македонска книжевна авангарда“ што ја доделуваат Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ и издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.
Ова значајно признание за неа доаѓа по ланската победа на конкурсот на манифестацијата „Караманови средби“, по што поетесата како освојувач на наградата „Караманов“ тогаш се стекна со право во Радовиш да и биде отпечатена актуелната стихозбирка.
„Создавањето на една ваква книга каква што е „Психоаналитичка алхемија на страсти“ и добивањето на овие две книжевни награди се еден силен поттик да продолжам да пишувам и понатаму поезија и една потврда дека станува збор за еден добар пат кој што јас го следам во животот во рамките на книжевноста“, вели Мијаковска.
Родена 1984 година во Скопје, Марина Мијаковска дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“. Во 2011 година се стекна со звањето магистер по филолошки науки, моментално е на докторски студии а предмет на нејзиниот интерес се и книжевната методологија, родовите прашања, фолклорот, антропологијата и старите цивилизации. Пишува поезија, есеи, куси раскази и книжевни критики и досега има објавено три поетски збирки: „Номадска душа“ („Антолог“, 2010), „Куфери“ („Матица македонска“, 2013) и „Психоаналитичка алхемија на страсти“.
Нејзината поезија е застапена и во „Ветерот носи убаво време: антологија на најмладата македонска поезија и проза“ („Матица македонска“, 2012) и во „Антологија на младата македонска авангардна поезија“ („Феникс“, 2012), учесник е и на повеќе книжевни манифестациите како Струшки вечери на поезијата, „Песнило“, „100 поети за промена“ и добитничка е на специјална награда за литературно творештво со високо уметничко ниво и трајни поетски вредности на Поетските вечери одржани пред две години во Корча, соседна Албанија.
Од таму не чуди кога Мијаковска вели дека треба да радува фактот што стасува генерација млади и авангардни автори кои внесуваат промени во постоечкот книжевен канон.
„Секако е добро што се создаде оваа генерација на автори кои што внесуваат промени и пишуваат доста различно во однос на нивните претходници кои што се движеа во правецот на пост-модерната. Сега веќе може ние, како една нова македонска авангарда, да се вклучиме во рамки на онаа пост-пост модерна или она што допрва следува и што ние треба да го создадеме како новитет во еден посебен книжевен правец“, вели поетесата.
А, по три поетски објави Мартина Мијаковска ќе и се посвети и на прозата, па така деновиве ја привршува својата книга раскази насловена „Куќички“ што би требало да се појави наскоро и да го продолжи нејзиниот творечки континуитет.
„Правам поинаков обид, едно преминување во светот на прозата и се надевам дека ќе бидам исто толку успешна во тоа како и во случајот со моите поетски книги“, вели Мијаковска.
Инаку, наградата „Македонска книжевна авангарда“ на поетесата ќе и биде врачена на свеченоста која што ќе се одржи во рамките на претстојниот „Фестивал на чајот и читањето“ кој ќе трае од 4 февруари до 8 март годинава.
Создавањето на една ваква книга каква што е „Психоаналитичка алхемија на страсти“ и добивањето на овие две книжевни награди се еден силен поттик да продолжам да пишувам и понатаму поезија.Марина Мијаковска, поетеса.
Ова значајно признание за неа доаѓа по ланската победа на конкурсот на манифестацијата „Караманови средби“, по што поетесата како освојувач на наградата „Караманов“ тогаш се стекна со право во Радовиш да и биде отпечатена актуелната стихозбирка.
„Создавањето на една ваква книга каква што е „Психоаналитичка алхемија на страсти“ и добивањето на овие две книжевни награди се еден силен поттик да продолжам да пишувам и понатаму поезија и една потврда дека станува збор за еден добар пат кој што јас го следам во животот во рамките на книжевноста“, вели Мијаковска.
Секако е добро што се создаде оваа генерација на автори кои што внесуваат промени и пишуваат доста различно во однос на нивните претходници кои што се движеа во правецот на пост-модерната.Марина Мијаковска, поетеса.