Јазикот е свеж и мошне култивиран, на моменти функционира како хибрид од урбан сленг и од музички идиоми, изобилува со ритмичност и со гномичност. Поетскиот израз се одликува и со еден суптилен еротизам, но и со доза на блага иронија – ќе забележи промотерката Лидија Капушевска - Дракулевска во своето видување на книгата „Алхемија на 21 век“ од Душко Крстевски.
Професорката Весна Мојсова – Чепишевска, пак, за авторот и неговата деби објава за „Антолог“, меѓу другото, ќе запише: Онака како што Ками од митот за Сизиф ја создаде модерната теорија на апсурдот или Пикасо од африканските маски дојде до една своја димензија во кубизмот, така и од Крстевски се очекува да понуди една своја митопоетика која израснува од убиените митови.
А, творецот во предвечерието на промоцијата што треба да се обистини во Салон 19.19, во Културно-информативниот центар во Скопје, вели дека збирката донесува урбана поетика која кај него отсекогаш била инјектирана од градскиот бетон и од сите места каде што се движел.
Тој дополнува дека во неа во голема мера има инкорпорирано и од стиховите на неговите омилени поети и бендови и дека прави „еден
тип на меланж помеѓу сето она што била негова литературна и музичка лектира“.
„Ја нареков „Алхемија на 21 век“ затоа што внатре се ставени сите нешта што можат да бидат главни симболи на алхемијата – огнот, водата, мечот...но сепак гледани низ една поурбана и постмодернистичка призма.“
Роден 1981 година, Душко Крстевски дипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Пишува поезија, есеи и музичка критика. Дел од неговото творештво досега е објавувано во периодичните книжевни списанија и на интернет-порталите, а работел и како уредник во неколку издавачки куќи. Тој неколкупати бил учесник на „Ноќите без интерпункција“, дефилето на младите поети во рамките на интернационалниот фестивал Струшки вечери на поезијата, а преведува од хрватски и од бугарски јазик, посебно во рамките на интернационалниот проект „Across Europe”.
Неговите песни и тој како автор се поместени и во Антологијата на младата македонска поезија „Ветрот носи убаво време“, а говорејќи за неговата генерација на творци Крстевски потенцира дека тој нов бран е растеретен од баластот на сите претходни писатели и поети и дека генерално станува збор за луѓе кои се ослободени од прагмите и литературните фиоки во кои би ја класифицирале својата поезија и проза.
„Ако претходно творците ги ставаа во прва генерација, втора генерација поети, нови текови...сега мислам дека младите поети најмалку сакаат да бидат ставени во некои рамки туку сакаат секој од нив да си денесе нешто ново, нешто свое иако притоа, се разбира, не го исклучуваат влијанието од претходните нешта барем кога се однесува до нивните стихови и раскази.“
Инаку, Крстевски за себе забележува дека „многу доцна се јавува со деби објава“ иако е од поодамна посериозно присутен на литературната сцена – почнувајќи од ангажманот во литературниот кружок „Мугри“ како студент па се до денешни дни. Вели дека бавно работи и дека е малку-повеќе пефекционист во односот кон нештата и кон својата поезија.
„Секогаш имам трема кога си ги читам своите стихови. Можам да ги читам туѓите, ама за своите некако секогаш сум со мислење дека можело поубаво. Наеднаш морав да заокружам на некој начин затоа што тоа се песни од различни периоди во мојот живот – од оние почетните, моите рани обиди на 16 – 17 години, па таа т.н „студентска поетика“ и се до некои зрели песни кои што се напишани пред само неколку месеци. Значи, еден класичен микс на струи и влијанија. Затоа и се поделени на различни циклуси во збирката. Сметав дека еднашка мора да ставам точка затоа што подоцна треба да започне некоја друга фаза во моето творештво, фаза со нови песни, раскази...“
А, кога веќе ја спомнува следната фаза интересно е што писателот веќе извесно време својата енергија ја има насочено кон другите жанрови, па така истакнува дека пишува кратки раскази блиски до хорор тематиката и мистериите и дека започнал филмичен роман со кој би претставил еден сосема друг, поинаков дел од својата авторска личност.
Ја нареков „Алхемија на 21 век“ затоа што внатре се ставени сите нешта што можат да бидат главни симболи на алхемијата – огнот, водата, мечот...но сепак гледани низ една поурбана и постмодернистичка призма.Душко Крстевски, поет.
Професорката Весна Мојсова – Чепишевска, пак, за авторот и неговата деби објава за „Антолог“, меѓу другото, ќе запише: Онака како што Ками од митот за Сизиф ја создаде модерната теорија на апсурдот или Пикасо од африканските маски дојде до една своја димензија во кубизмот, така и од Крстевски се очекува да понуди една своја митопоетика која израснува од убиените митови.
А, творецот во предвечерието на промоцијата што треба да се обистини во Салон 19.19, во Културно-информативниот центар во Скопје, вели дека збирката донесува урбана поетика која кај него отсекогаш била инјектирана од градскиот бетон и од сите места каде што се движел.
Тој дополнува дека во неа во голема мера има инкорпорирано и од стиховите на неговите омилени поети и бендови и дека прави „еден
Секогаш имам трема кога си ги читам своите стихови. Можам да ги читам туѓите, ама за своите некако секогаш сум со мислење дека можело поубаво.