Достапни линкови

„Бoш фестивал“ – време на концентрирана творечка енергија


Со повеќе изложби, инсталации, проекции на филмови, читање слем поезија, театарски претстави и музички перформанси на уметници и артисти од земјава и од странство, од 23 до 25 август, на неколку локации во Гевгелија, ќе се одржи петтото издание на „Бош фестивал“ - мултимедијалната платформа низ која се слави креативниот израз во урбан контекст.

Замислен како посвета на прерано починатиот актер и поет Бошко Бозаџиевски од неколку негови пријатели во 2009 година, „Бош фестивал“ на крилата на ентузијазмот за релативно кратко време успеа да се наметне како една од навистина значајните манифестации која се залага за естетизирана артикулација и осмислување на т.н „додадена вредност“ на урбаната култура.
„Бош фестивал“ под сопствената тежина на овие пет години се тркала по некаква инерција и оди напред. Станува поголем и поинтересен и веќе немаме избор освен да го буткаме на некој начин да расне и да станува битен фактор во регионот но базичните и првичните начела од тоа што беше заеднички вкус за поезија, за музика, за театар, филм, книги, за уметност воопшто е задржан до ден денес и се развива. Акцентот секојпат е на млади автори, современи, актуелни изданија и изложби, албуми и т.н.
Миле Ничевски, уметник.

Затоа со полно право неговите организатори НВО „Арт еквилибриум“ ( кои за партнер го имаат Домот на култура од Гевгелија) ќе забележат дека се работи за процес на создавање на еден типично-поразличен, несекојдневен и неконвенционален јавен простор. Простор, кој постојано се редефинира преку урбаните уметности, односно уметностите во урбан контекст. Простор, кој е доволно оригинален и опиплив, динамичен и пулсирачки, провокативен и / или контроверзен, но пред се , отворен и достапен за секого како акт за маркирање на културно-естетска „слободна територија“.

„Бош фестивал“ под сопствената тежина на овие пет години се тркала по некаква инерција и оди напред. Станува поголем и поинтересен и веќе немаме избор освен да го буткаме на некој начин да расне и да станува битен фактор во регионот но базичните и првичните начела од тоа што беше заеднички вкус за поезија, за музика, за театар, филм, книги, за уметност воопшто е задржан до ден денес и се развива. Акцентот секојпат е на млади автори, современи, актуелни изданија и изложби, албуми и т.н “, вели уметникот Миле Ничевски, еден од иницијаторите и зачетниците на Фестивалот.
Бош“ не е само место на случувања. Не е само галериски простор за презентација на одредени идеи и концепти. Пред се е место и време кога е концертрирана енергијата и фактор кога се создава целата таа културно-уметничка или урбана сцена во Македонија. „Бош“ е и место на креација. Самиот фестивал е и креатор, некаква експериментална лабораторија. „Бош“ е време кога целата таа енергија се концентрира во овие три дена во Гевгелија.
Миле Ничевски, уметник.

Овојпат случувањата ќе започнат во Градскиот театар со „Луцидно синестетичкиот дијалог“ на Атанас Ботев. Потем следува и изложбата „Температура, циркулација, графитација“ на уметницата Маја Кировска, па проекциите на иновативниот мулти-скрин филм „Џулиус“ кој својата премиера ја имаше во Џи-ви арт галеријата во Лондон и ова ќе му биде прво прикажување во рамките на меѓународната турнеја. Тука се и проектот кој вклучува 9 инсталации во старото урбано јадро на улица која не е именувана, кратките филмови на продукцијата “Квазар филм“ ( Филип Матевски – “Девојчето со кибритчињата“ и Игор Алексов - “Епизодист“), концертите на „Д Џон енд спејс ребел генг“, атинските „Зебра трекс“ и посебно слободната форма насловена како „20 ин Гевгелија сешн“ во која учество ќе земат исто толку инструменталисти.
Во следните два дена ќе се случува и работилницата за
интерактивен театар на Јацик Лудвиг Скарсо, уметнички директор и продуцент на лондонскиот „Еластик тиатар“, проекциите на „ I Don’t Like Velvet Underground“ на Кирчо Арсовски и “103 - Љубовно писмо до алтернативната култура“ на Синиша Ефтимов , настапите на холанскиот артист Арнолд Де Боер или „ЗЕА“ и на бендот „Клопка за пионира“ од Панчево, соседна Србија. Ќе биде одиграна и претставата „Три сестри“ на Теа Беговска, ќе се случи и читањето на слем поезија насловено како „Стихови на глас“, а не смеат да се заборават ни перформансите на „Проект Ш“ од Кавадарци, Д Џака Накот, Мирко Попов и други.

„Бош“ не е само место на случувања. Не е само галериски простор за презентација на одредени идеи и концепти. Пред се е место и време кога е концертрирана енергијата и фактор кога се создава целата таа културно-уметничка или урбана сцена во Македонија. „Бош“ е и место на креација. Самиот фестивал е и креатор, некаква експериментална лабораторија. „Бош“ е време кога целата таа енергија се концентрира во овие три дена во Гевгелија“, дополнува Ничевски.

Говорејќи за постепената интернационализацијата на манифестацијата тој забележува дека тие како организатори полека влегуваат во некои меѓународни мрежи каде контактите се развиваат и се отвораат нови патишта за соработка.

„Овој тип на култура, уметност, вкус за нештата не е карактеристичен за одреден простор. Луѓе со сличен вкус има во некое предградие на Њујорк или во некое село блиску до Пекинг. Луѓе кои слушаат таков тип на музика, кои се интересираат за таков тип на поезија и за такви изложби ги има низ целиот свет. Така да спонтано веќе се шират контактите. Секоја година имаме се повеќе и повеќе глобални пријатели кои не го кријат својот интерес да земат учество во овој наш мал експеримент, но морам да кажам дека притоа само скромните средства со кои располагаме се единствената природна граница што не спречува во таквите обострани намери. “
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG