Достапни линкови

Дебар против проектот Луково Поле


Проект за изградба на акумулацијата „Луково поле“.
Проект за изградба на акумулацијата „Луково поле“.

Локалните власти и невладините организации се против проектот со кој треба да се одземаат дел од водите на реката Радика.

Локалните власти и невладините организации во општина Дебар се против проектот на ЕЛЕМ Луково Поле со кој треба да се одземаат дел од водите на реката Радика. Советот на општината донесе одлука проектот да не започне, давајќи притоа образложение дека тој би бил многу штетен за животната средина на Дебар и поширокиот регион. Градоначалникот на Дебар Ружди Лата побара од претставниците на Светската банка да не го прифатат проектот за финансирање.
Треба да објасниме дека Дебар не е против Македонија да го зголеми производството на електрична енергија.
Ружди Лата, градоначалник на Дебар.

„Треба да објасниме дека Дебар не е против Македонија да го зголеми производството на електрична енергија. Но тоа ново производство може да се реализира во нашиот регион и тоа во природниот тек на реката Радика. Со девијацијата се прави голема штета на животната средина. Ние сме да се произведува електрична енергија во сегашниот тек на Радика со
Ружди Лата, градоначалник на Дебар.
Ружди Лата, градоначалник на Дебар.
што нема да има штети ниту природата, ниту државата, ниту Дебар.“

Лата смета дека обидите да се изврши девијација на водите на Радика последните декади имаат континуитет.
Граѓанските организации во целост се против проектот, бидејќи со него по втор пат се одземаат нови количини на вода од реката Радика.
Дритан Леши од здружението „Еден долар за Дебар“.

„Еднаш е забележано одземање на водите на Радика и тоа во 1963 година кога е извршена девијација кога се одземени 9 метри кубни вода во секунда и тие се префрлени во Вардар“,вели Лата.

По протестите на граѓанскиот сектор во Дебар беше потпишана и доставена петиција до Владата на Република Македонија во која и пошироката јавност во оваа општина се изјасни против овој проект на ЕЛЕМ.

„Граѓанските организации во целост се против проектот, бидејќи со него по втор пат се
Дритан Леши од здружението „Еден долар за Дебар“.
Дритан Леши од здружението „Еден долар за Дебар“.
одземаат нови количини на вода од реката Радика, со што ќе згасне биодиверзитетот во регионот. Ако на нашиот регион се одзема водата тогаш тие штети се и на Македонија. Имајќи предвид дека официјално 45 отсто од флората и фауната во Македонија е токму во овој регион по долината на Радика, тогаш станува јасно дека проектот нема економски ефекти“, вели Дритан Леши од здружението „Еден долар за Дебар“.

Инаку последните неколку денови протести против проектот Луково Поле се одржани и во неколку градови на Албанија, на кои е побарано владата во Тирана да се спротивстави на овој проект бидејќи се извршува девијација на дел од водите на Радика, кои сега течат преку реката Црн Дрим во Албанија, а потоа се влеваат во Јадранското море.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG