Актерката Љупка Џундева, една од ѕвездите на првиот македонски филм „Фросина“ и на култната филмска комедија „Мирно лето“, е првиот лауреат на јубилејниот 10-ти Интернационален филмски фестивал „Астерфест“. Таа е овогодинешниот добитник на почесното признание на манифестацијата и Тивериополската филмска алијанса за посебен придонес во филмската и театарската уметност.
Родена 1934 година во Скопје, Џундева во текот на својата долга и плодна кариера која трае се до денес ( се пензионира 1990 година) толкувала впечатливи улоги во низа македонски долгометражни и кусометражни играни филмови ( „Македонска крвава свадба“, „Не гледајте во ангелите“...), како и во телевизиски серии и драми. За своето уметничко творештво добитничка е на наградите за животно дело „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, „13 Ноември“, ордени на трудот со златен и сребрен венец и многу други признанија.
„Имам доста сработено. Не можам многу да се пожалам, но во секој случај мислам дека ние многу малку снимавме. Мажите имаат поголеми можности, повеќе среќа, од нас актерките. Јас се надевам дека сега со овој нов бран на подем за снимање повеќе филмови, и
долгометражни и кратки, моите колешки ќе бидат повеќе зафатени и дека снимените филмови ќе имаат поголем квалитет отколку досегашниве. Мислам тоа како оди напред така би требало да биде“, ќе рече актерката видно возбудена од сознанието дека станала првиот лауреат на јубилејното 10-то издание на „Астерфест“.
Во чест на Љупка Џундева, во петок, на 24 јануари, во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе биде прикажан „Мирно лето“ на Димитрие Османли, а портретот вообичаено ќе биде за време на одржувањето на манифестацијата која од 2005 година наваму континуирано промовира селектирани компетиции во категориите на краткиот игран, креативниот документарен и анимираниот филм.
Од друга страна, јубилејната програма на фестивалот ќе се одвива под мотото „Ново и старо“, а Горан Тренчовски, првиот човек на Тивериополската филмска алијанса, вели дека на тој начин тие како
организатори сакале „да ја преминат рампата“.
„Нам целта ни беше на некој начин да ја преминеме рампата. Она што сме го создавале во последните десет години да ни овозможи годинава да биде пресвртница и веќе од следната да тежнееме кон нови хоризонти и нови перспективи“, вели Тренчовски.
Инаку, во текот на престојниот период, во знак на децинијскиот јубилеј, организаторите планираат да бидат одржани повеќе активности во Струмица, но и во останатите градови во земјава и во странство. Од програмските активности посебно за издвојување се филмските вечери со авторите Бранко Ставрев и Желимир Гвардиол, премиерата на краткиот филм на Ице Виранов, промоција на едицијата „Словенски Орфеј“, издавање на монографска публикација за „Астерфест“, ретроспектива на наградувани и тематски филмски циклуси, креативно-едукативни работилници, портрети, изложби и друго.
Решението на дизајнот на фестивалот овојпат е на Розита Волкович, струмичанка која живее и работи во САД, а манифестацијата се одржува под покровителство на Министерството за култура, Општина Струмица и Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.
Годинешното јубилејно издание на „Астерфест“ ќе го помогнат и неколку амбасади и други институции, а негов традиционален партнер е Кинотеката на Македонија.
„Навистина ми е драго што и оваа година како Кинотека на Македонија ќе имаме можност да бидеме дел од програмата на „Астерфест“. Тоа се нашите заложби од изминативе години – да бидеме присутни на фестивалитекои што се одржуваат во нашата држава. Присутни со оној дел кој што е нашата основна дејност, односно со делот кој што се однесува на презентацијата на делот што го нарекуваме филмско наследство“, забележува Мими Ѓорговска Илиевска, директорка на оваа културна установа.
Имам доста сработено. Не можам многу да се пожалам, но во секој случај мислам дека ние многу малку снимавме. Мажите имаат поголеми можности, повеќе среќа, од нас актерките.Љупка Џундева, актерка.
Родена 1934 година во Скопје, Џундева во текот на својата долга и плодна кариера која трае се до денес ( се пензионира 1990 година) толкувала впечатливи улоги во низа македонски долгометражни и кусометражни играни филмови ( „Македонска крвава свадба“, „Не гледајте во ангелите“...), како и во телевизиски серии и драми. За своето уметничко творештво добитничка е на наградите за животно дело „11 Октомври“, „Војдан Чернодрински“, „13 Ноември“, ордени на трудот со златен и сребрен венец и многу други признанија.
„Имам доста сработено. Не можам многу да се пожалам, но во секој случај мислам дека ние многу малку снимавме. Мажите имаат поголеми можности, повеќе среќа, од нас актерките. Јас се надевам дека сега со овој нов бран на подем за снимање повеќе филмови, и
Она што сме го создавале во последните десет години да ни овозможи годинава да биде пресвртница и веќе од следната да тежнееме кон нови хоризонти и нови перспективи.Горан Тренчовски, Тивериополската филмска алијанса.
Во чест на Љупка Џундева, во петок, на 24 јануари, во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе биде прикажан „Мирно лето“ на Димитрие Османли, а портретот вообичаено ќе биде за време на одржувањето на манифестацијата која од 2005 година наваму континуирано промовира селектирани компетиции во категориите на краткиот игран, креативниот документарен и анимираниот филм.
Од друга страна, јубилејната програма на фестивалот ќе се одвива под мотото „Ново и старо“, а Горан Тренчовски, првиот човек на Тивериополската филмска алијанса, вели дека на тој начин тие како
Присутни со оној дел кој што е нашата основна дејност, односно со делот кој што се однесува на презентацијата на филмско наследство.Мими Ѓорговска Илиевска, Кинотеката на Македонија.