Достапни линкови

Публикација „10 лауреати“ за добитниците на „Астер“


„10 лауреати“ - публикацијата на Меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“.
„10 лауреати“ - публикацијата на Меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“.

„10 лауреати“ е насловена публикацијата што како издавач ја потпишува Меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“. Станува збор за портрети на досегашните добитници на специјалната награда „Астер“.

Нашите Бранко Гапо и Салаетин Билал, Лордан Зафрановиќ од Хрватска, еден од најпознатите бугарски режисери Рангел Влчанов, Шпанецот Мигуел Хермосо, Карољ Вичек и Боро Драшковиќ од соседна Србија, актерот Жарко Радиќ, Лаила Палакина од Латвија и Тимоти Бајфорд од Велика Британија, се досегашните
Ова е исклучителна прилика домашната и меѓународната културна јавност да се запознаат со значењето и со форматот на луѓето коишто присуствуваат на фестивалот, покрај младите автори, покрај независните документаристи и автори на кратки филмови, фестивалот е отворен и за луѓе во зрелата возраст, за луѓе кои имаат остварено своевиден габарит на проекти, своевиден опус.
Горан Тренчовски, „Астерфест“.

десетмина почесни добитници на признанијата за особен придонес во областа на филмот, телевизијата и драмската уметност што ги доделуваат интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ и Тивериополската филмска алијанса.

Нивните портрети се најдоа во публикацијата „10 лауреати“ чија промоција е дел од настаните со кои се најавува новото издание на оваа значајна македонска културна манифестација.

​„Ова е исклучителна прилика домашната и меѓународната културна јавност да се запознаат со значењето и со форматот на луѓето коишто присуствуваат на фестивалот, покрај младите автори, покрај независните документаристи и автори на кратки филмови, фестивалот е отворен и за луѓе во зрелата возраст, за луѓе кои имаат остварено своевиден габарит на проекти, своевиден опус“, вели Горан Тренчовски, режисер и прв човек на „Астерфест“.
Се работи за доста различни автори меѓу себе и требаше навистина за секој да направите по едно посебно парче, да смислите како ќе пристапите и како ќе го кажете она најбитното што го одбележало неговото творештво.
Сунчица Уневска, новинарка и авторка на публикацијата.

Автор на текстовите за ова двојазично издание на македонски и англиски јазик е Сунчица Уневска. Таа забележува дека нејзе, како на новинарка која со години ги следи случувањата во седмата уметност, а со тоа и на ова случување, и било голем предизвик да се зафати со пишувањето на овие портрети.

„Се работи за доста различни автори меѓу себе и требаше навистина за секој да направите по едно посебно парче, да смислите како ќе пристапите и како ќе го кажете она најбитното што го одбележало неговото творештво.“

Инаку, оваа брошура која е веќе поделена во културните центри и библиотеките во земјава и во странство, е девета по ред од издавачката дејност на „Астерфест“. Во догледно време ќе бидат печатени на македонски јазик зборникот на текстови на професор Боро Драшковиќ и книгата на Рангел Влчанов, а нивното појавување е планирано да се совпадне со годинешното осмо издание на оваа културна манифестација за кое е познато дека ќе се случи од 25 до 29 мај.

„Во Струмица на повеќе амбиенти, во повеќе пространства ќе го реализираме концептот под мотото „Одисеја 2012“, во рамките на тој концепт да се проговори за перспективата на краткиот игран и на документарниот креативен филм и секако на анимираната форма.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG