Некој читател во еден наш дневен весник искоментира дека со владината одлука за паричен надомест на дел од стечајците Груевски сака да го „покрие“ скандалот со случајот милионски тендер за фирмата на мајката на новинарката Ивона Талеска.
Како што е „ред“ со аферите кај нас, случајот Талеска, што го обелодени СДСМ, веќе неколку дена е на првите страници, но само во дел од печатените и електронските медиуми. Веројатно, до следната афера. Утрински во наслов го цитира министерот Тодоров: „Не знаев дека Талеска е сопственик на фирмата“, а во рубриката „Избор на уредникот“, пишува: „Медимско-политички брак или политичка пресметка - Талеска не се огласи по повод изјавата на министерот дека имало неетичко однесување“.
Дневник објавува и дека „СДСМ бара Тодоров да ги објави сите документи за тендерот“ и дека „за вакви милионски скандали паѓаат влади“. Во друго издание, Утрински
ги пренесува аргументираните сознанија на СДСМ дека „Латас и Талеска имале еден куп фирми регистрирани на истата адреса: Градски парк, Градски стадион бб, каде што е и седиштето на Сител ТВ“. Истиот весник информира дека „Македонија е најдобра во регионот според
економските слободи“, но додава дека Македонија е лошо рангирана според влезот на странски инвестиции, невработеноста и сиромаштијата. Истото го забележува и Нова Македонија, која оди со наслов: „Ем сме најдобри за бизнис, ем сме најсиромашни“.
Дека „Владата го реши статусот на стечајците и на професионалните војници“, објавија сите весници: Вечер и Дневник со наслови: „Решена судбината на стечајците и на професионалните војници“, а Утрински едновремено прашува: „Државните стечајци згрижени, но што со илјадниците други?“. Само Утрински го следи случајот со блокадата на општина Центар откако Владата ја укина агенцијата преку која над 30 лица беа вработени со договори: „На улица се вкупно 34 лица. Тотално се блокирани Секторот за урбанизам, Кабинетот на градоначалникот“.
Сите медиуми ја објавија информацијата за договорот меѓу власта и опозицијата за изборниот закон што Утрински ја наведе со наслов: „Збогум за лентите и лопатите во изборната кампања“. „Кампањата почна, кандидати нема - во отсуство на официјални номинации за шеф на државата, владејачката партија го нападна со ново оружје опозицискиот лидер Заев - со изводи од негови изјави на билборди низ центарот на Скопје“, објави само Утрински.
Талеска не се огласи по повод изјавата на министерот дека имало неетичко однесување.Утрински весник.
Како што е „ред“ со аферите кај нас, случајот Талеска, што го обелодени СДСМ, веќе неколку дена е на првите страници, но само во дел од печатените и електронските медиуми. Веројатно, до следната афера. Утрински во наслов го цитира министерот Тодоров: „Не знаев дека Талеска е сопственик на фирмата“, а во рубриката „Избор на уредникот“, пишува: „Медимско-политички брак или политичка пресметка - Талеска не се огласи по повод изјавата на министерот дека имало неетичко однесување“.
Дневник објавува и дека „СДСМ бара Тодоров да ги објави сите документи за тендерот“ и дека „за вакви милионски скандали паѓаат влади“. Во друго издание, Утрински
Ем сме најдобри за бизнис, ем сме најсиромашни.Нова Македонија.
Решена судбината на стечајците и на професионалните војници.Дневник.