Портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, Питер Стано денеска изјави дека Европската комисија е запознаена со договорот што го постигнале политичките партии околу измените во изборниот законик и дека истите се разгледувале во Парламетот.
„Како што знаете изборната реформа беше важен дел од предпристапниот висок дијалог кој што го водевме во минатото со вашата влада, и исто ова беше важен елемент од политичкиот договор кој што се постигна на први март“, рече Стано.
Стано додава дека комесарот Филе беше многу јасен минатата недела кога изјави дека дијалогот на високо ниво ќе продолжи да се спроведува како инструмент со кој ќе се поддржува реформскиот процес во земјата.
„На Македонија останува да обезбеди одлучност и посветенот од Владата за продолжување и имплементација на реформите, на договорот од 1 март и продолжување на унапредувањето на одржување на добрососедски односи“, вели Стано.
Со овие измени предвидена е забрана на доделување на буџетски средства за нови градби, субвенции, социјална помош и други материјални давања за време на изборна кампања освен за оние кои во буџетот спаѓаат во редовни исплати.
Измените исто така предвидуваат забрана за време на избори на јавни настани кои служат за промоција на власта. Доколку овие правила бидат прекршени предвидена е затворска казна од 6 месеци до 1 година соопшти опозицијата. Остатокот од измените се однесуваат на медиумите кои не смеат да одделат повеќе од 12 минути во реален час платена политичка програма. До почетокот на изборната кампања платената политичка програма е забранета, а во делот на донациите медиумите се ограничуваат на 50.000 евра и во нив се пресметани и попустите за рекламирање.
Како што знаете изборната реформа беше важен дел од предпристапниот висок дијалог кој што го водевме во минатото со вашата влада, и исто ова беше важен елемент од политичкиот договор кој што се постигна на први март.Питер Стано, портпарол на еврокомесарот Штефан Филе.
„Како што знаете изборната реформа беше важен дел од предпристапниот висок дијалог кој што го водевме во минатото со вашата влада, и исто ова беше важен елемент од политичкиот договор кој што се постигна на први март“, рече Стано.
Стано додава дека комесарот Филе беше многу јасен минатата недела кога изјави дека дијалогот на високо ниво ќе продолжи да се спроведува како инструмент со кој ќе се поддржува реформскиот процес во земјата.
„На Македонија останува да обезбеди одлучност и посветенот од Владата за продолжување и имплементација на реформите, на договорот од 1 март и продолжување на унапредувањето на одржување на добрососедски односи“, вели Стано.
На Македонија останува да обезбеди одлучност и посветенот од Владата за продолжување и имплементација на реформите.Питер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.