Новиот правилник за одмерување на казните, што Владата го усвои, е уште еден нов обид за влијание врз судството, велат правни експерти. И досега сите пред Законот и Судот се еднакви, вели поранешната судијка во Судот за човеки права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска. Таа вели дека ако имало голем проблем во неуедначеноста, како што велат од Владата, тогаш проблемот не се решава на ваков начин, а усвојувањето на правилник на ваков начин е несоодветно.
„Со овој чекор мислам дека се атакува многу повеќе на независноста, отколку што и досега беше“, вели Маргарита Цаца Николовска.
Според усвоените измени на Кривичниот законик, сите судии во земјава ќе мора да го почитуваат правилникот и според него да ги изрекуваат сите кривични санкции во Македонија. Правилникот ќе го изработи судот, а ќе го донесе претседателот на Врховниот суд, во рок од 30 дена откако Собранието ќе го усвои. Претходно за правилникот Врховниот суд треба да ги консултира и Јавниот обвинител и Адвокатската комора.
И универзитетскиот професор Осман Кадриу се сомнева дека ова е најсоодветниот начин за интервенирање во Кривичниот законик, затоа што и сегашната регулатива е доста јасна.
„Сепак, треба да се остави на Судот сегашната определба, како што е во Кривичниот законик, а така е и во споредбеното кривично право, Судот да биде тој, а и тој е секогаш овластен и надлежен орган кој треба да ја одмерува казната“, вели Кадриу.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вели дека за исто дело, некои судови изрекуваат поблаги, а други потешки и посериозни санкции кон граѓаните, а судиите не го почитуваат законскиот опсег даден за изрекување на казните, или горна и долна граница. Но правните експерти велат дека судот секогаш предвид треба да ги земе олеснителните и отежителните околности, при изрекување на казните.
„Ако ние немаме изедначена судска пракса, ние имаме ситуација на незаконито постапување. Незаконитото постапување не е во согласност со принципите на владеење на правото и со принципите на демократијата“, вели Маргарита Цаца Николовска.
Ѓорѓиев вели дека со новиот правилник ќе се обезбеди поголема правна сигурност за граѓаните и ќе се спречи субјективизмот во изрекувањето кривични санкции од некои судии или судови.
„Сериозно ќе се стесни просторот за манипулации или за определено некоректно однесување на некоја странка што учествува во судската постапка“, рече Ѓорѓиев.
Но, експертите велат дека за неодговорното однесување на судската власт и сега тие одговараат пред Судскиот совет.
„Советот треба будно и бурно да ги следи тие односи и појави и во конкретни случаи ако утврди конкретна нестручност од страна на судиите да поведува и постапка за одговорност“, вели Кадриу.
Со овој чекор мислам дека се атакува многу повеќе на независноста, отколку што и досега беше.Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.
„Со овој чекор мислам дека се атакува многу повеќе на независноста, отколку што и досега беше“, вели Маргарита Цаца Николовска.
Според усвоените измени на Кривичниот законик, сите судии во земјава ќе мора да го почитуваат правилникот и според него да ги изрекуваат сите кривични санкции во Македонија. Правилникот ќе го изработи судот, а ќе го донесе претседателот на Врховниот суд, во рок од 30 дена откако Собранието ќе го усвои. Претходно за правилникот Врховниот суд треба да ги консултира и Јавниот обвинител и Адвокатската комора.
Сериозно ќе се стесни просторот за манипулации или за определено некоректно однесување на некоја странка што учествува во судската постапка.Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.