Напливот на туристи од Турција во Охрид влијае позитивно на локалната економија во градот, велат бизнисмените и туристичките работници. Поради се попозитивните најави кои доаѓаат, дека бројот на гости од Турција постојано ќе се зголемува, во Охрид почнаа да се отвораат и традиционални турски ресторани кои нудат турски специјалитети исти онакви какви што можат да се пробаат во Анкара, Истанбул или во кој било друг турски град.
Сопствениците велат дека единствено што сакаат е да ја доближат турската кујна до охриѓани, но и до гостите. Ерол Шех сопственик на ресторанот Меидан во старата турска чаршија во Охрид вели дека пред да го отворат ресторанот готвачите ги обучувал готвач од Анкара. Идејата за отварање на ресторанот била стара неколку години.
„Повеќето од населението од тука оди често на одмор во Турција.Се фалат од таа храна и ја бараат и кај нас и од тука дојде идејата да отвориме ресторан. Имаме и странски гости кои ја сакаат нашата храна. На пример гостите од Холандија кои доаѓаат овде, знааат за што станува збор бидејки таму исто така има турски ресторани. Имаме во план менито со турски специјалитети да го прошириме и
тоа е истата она храна која може да се најде и во Истанубл, Анкара и насекаде во Турција“, вели Шех.
Неговата мајка Идает вели дека отварањето на турски ресторани во Македонија ќе значи и збогатување на културата на исхрана на населението кое живее овде.
„Ќе се трудиме во зависност од желбата на гостите да направиме нешто повеќе. Некои специјалитети се служат на традицонален турски начин. Не се служи алкохол, а се слуша и турска музика, но и македонска. Желбата да отвориме ресторан постоеше одамна, но можностите беа во прашање. Нашиот ресторан го посетуваат и многу политичари од Турција и Македонија“, вели Идает Шех.
Гостите од Турција велат дека се изненадени од тоа што и во Македонија можат да пробаат турска храна.
„Изненадени сме од тоа дека и во Македонија можеме да пробаме турска храна, но и од бројот на турски ресторани овде. За прв пат сме во Македонија и дојдовме за да ги видиме остатоците како и многуте објекти кои овде постојат од времето на Османлиската иперија. Ова е доказ дека има многу работи кои не зближуваат кои прават да се чуствуваме како дома. Сакавме да се видиме и со нашите сонародници Турци, но и со нашите пријатели Македонци и тоа е она што не донесе овде“, рече Реџеп Унсал жител на Анкара.
Охриѓани велат дека Турците се добредојдени во градот, задоволни се од нив како потрошувачи, знаат да побараат да се спушти цената за некои производи, но дека низ турската чаршија секојдневно можат да се забележат цели групи на турски гости. Охрид е збратимен град со Јалова во Турција, па оттука ќе се иницира и идејата луѓе од овие краишта кои до сега не дошле во Македонија организирано да ја посетата земјата на нивните прадедовци.
Повеќето од населението од тука оди често на одмор во Турција.Се фалат од таа храна и ја бараат и кај нас и од тука дојде идејата да отвориме ресторан. Имаме и странски гости кои ја сакаат нашата храна.Ерол Шех, сопственик на ресторан.
Сопствениците велат дека единствено што сакаат е да ја доближат турската кујна до охриѓани, но и до гостите. Ерол Шех сопственик на ресторанот Меидан во старата турска чаршија во Охрид вели дека пред да го отворат ресторанот готвачите ги обучувал готвач од Анкара. Идејата за отварање на ресторанот била стара неколку години.
„Повеќето од населението од тука оди често на одмор во Турција.Се фалат од таа храна и ја бараат и кај нас и од тука дојде идејата да отвориме ресторан. Имаме и странски гости кои ја сакаат нашата храна. На пример гостите од Холандија кои доаѓаат овде, знааат за што станува збор бидејки таму исто така има турски ресторани. Имаме во план менито со турски специјалитети да го прошириме и
Изненадени сме од тоа дека и во Македонија можеме да пробаме турска храна, но и од бројот на турски ресторани овде.Реџеп Унсал жител на Анкара.