Достапни линкови

Младите знаат што да одберат


Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Супермените од СДММ не знаат или не сакаат да знаат дека Европа очекуваше одамна да се дистанцираме од комунизмот и комунистичките лидери. Затоа се разликуваме едни со други. Едни со декларативност, други со дела. Едни со „измешани брзини“, други со точно утврдени цели, пишува Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

После сите минати празници, честитања и желби, време е да се продолжи таму каде застанавме. Унијата на млади сили и изминативе денови ги мина во знак на хуманост и почит кон христијанските македонски традиции. Бевме активни и за празниците, изнудивме голем број насмевки и израдувавме многу луѓе со нашата хуманост. Впрочем затоа и се празниците. Сите да ги прослават во хармонија и со насмевки на лицето.
Супермените од СДММ не знаат или не сакаат да знаат дека Европа очекуваше одамна да се дистанцираме од комунизмот и комунистичките лидери. Затоа се разликуваме едни со други. Едни со декларативност, други со дела. Едни со „измешани брзини“, други со точно утврдени цели.

Но за она што јас би сакал да зборувам...

Во знак на препознатливост на нашиот подмладок, УМС го докажа своето единство и сплотување од првиот ден на пристапување на новото раководство. За разлика од противниците, каде скандалите и превирањата им беа секојдневие, ние имавме период на максимална посветеност кон она што за нас е важно. За нас е важен континуитетот и секоја новина се прифаќа како надградба. Нам главна преокупација не ни е сеирџиството и исмејувањето на останатите опоненти, туку покренување на важни општествени прашања. Ние сме најголема и најбројна младинска организација во Република Македонија, па со тоа сме и гласот на младите во државата.

Во таа насока би морал да го споменам филмскиот караван „Дисидент“ кој го спроведовме од неколку причини. ВМРО-ДПМНЕ е партија која се залага за расчистување на темните страни од минатото, односно од периодот на комунизмот, како партија која во своите приоритети ја има Европа. Токму преку афирмацијата на еден лик како Драган Богдановски, кој поради својата идејност и светоглед беше жестоко репресиран од комунистичката власт, младите имаа можност да видат колкава жртва има дадено и самиот „дисидент“ Драган, сè со цел да ја види Македонија на правите патеки, како независна и суверена држава.

Богдановски како демократ, како човек кој длабоко веруваше во парламентаризмот и местото на Македонија во Европа, бил подложен на тортура, смислена и изведена од тогашниот систем. Тоа е моралната порака до сите, но не и до подмладокот на опозицијата. Тие ги следат стапките на Јосип Броз Тито, неприкосновениот маршал. Секој може лесно да ја разграничи иронијата и лицемерието. Се прогласуваат за следбеници на Јосип Броз, а од друга страна дека припаѓаат на партија која сама се прогласува за „најевропска“ е врв на дволичноста. Ние немаме ништо против од идеолошки определби, но некоректноста нивна е во лицемерието.
УМС продолжува да биде браник на интересите на младите во сите сфери. Додека ние создаваме, сините нека се потсмеваат... Епилогот е јасен! Продолжуваме со уште повеќе енергија, до уште поголеми победи!

Супермените од СДММ не знаат или не сакаат да знаат дека Европа очекуваше одамна да се дистанцираме од комунизмот и комунистичките лидери. Затоа се разликуваме едни со други. Едни со декларативност, други со дела. Едни со „измешани брзини“, други со точно утврдени цели.

Ние не сонуваме да селиме и рушиме споменици. Ние не протестираме секојдневно за собирање ситни политички поени, ние промовираме своја младинска политика и програма. Ние сме секојдневно со граѓаните, меѓу младите, но и помеѓу возрасните на кои им е потребна помош од двигателите на општеството, од нас младите. Даваме онолку што можеме. Тоа е препознатливата Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Наш терен не се само социјалните мрежи каде единствена наша активност е промоција на нашите проекти и активности, а во никој случај омаловажување на противникот како што тоа го прават нашите опоненти.

Ние градиме тимови, апсорбираме потенцијал. Го извлекуваме најдоброто од сите. Секој еден поединец е потенцијален победник во нешто. Затоа секој може да се приклучи на нашите тимови. Затоа и многу млади се приклучуваат кон нас. Ја препознаваат нашата искреност, борбеност да им овозможиме подобра иднина на младите и пред сè, енергија. Енергија која од ден во ден се повеќе и повеќе се зголемува.

УМС продолжува да биде браник на интересите на младите во сите сфери. Додека ние создаваме, сините нека се потсмеваат... Епилогот е јасен! Продолжуваме со уште повеќе енергија, до уште поголеми победи!

Младите знаат што да одберат!
XS
SM
MD
LG