Достапни линкови

Истите очекувања


Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ
Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Времето пред нас ќе го искористиме за да се натпреваруваме сами со себе, да нудиме уште подобри решенија и да го даваме најдоброто од себе. Затоа што младите очекуваат, затоа што на Македонија и должиме, пишува Владимир Нелоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Како наближува крајот на календарската година, така сите помалку или повеќе, се посветуваме на ретроспективата. Што направивме, и што можевме да направиме. Секој разумен човек на одредено време се преиспитува, ја користи отсечката на времето за да ги разграничи и успесите и нереализираните очекувања.
Се гордеам со младата генерација. Најпрво затоа што одлично си ги препознава националните интереси на нашата земја.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го живее својот континуитет и понатаму. Како новоизбран претседател на подмладокот, кој истовремено е и најброен во Македонија, ме обврзува на две нешта: продолжување на политиките кои даваа резултати во креирање на подобар статус на младите, но истовремено и понуда на нови решенија за таа цел. Нема дилема дека оваа владејачка гарнитура низ својата работа минативе седум години, ги вложи најголемите залагања за младиот човек воопшто, откако постои плурална и независна Македонија. Во прилог на тоа, само да се образложат низата мерки, ќе бидат потребни неколку колумни.

Лично, гледајќи го развојот на целиот општествен амбиент, недвосмислено ќе потенцирам дека се гордеам со младата генерација. Најпрво затоа што одлично си ги препознава националните интереси на нашата земја. Тоа го покажува секојдневно, низ спортските и музичките настани, низ дебатите и разговорите. Да, тоа е особено важно, со оглед на фактот со какви се предизвици се соочуваме.

Покажувањето на таквот импулс или „импулс на новото време“ направи да политичарите-остатоци уште повеќе се изгубат во црвојадината кои сами ја создадоа. Се случи да таа генерација на пишман-политичари дополнително влезе во конфузија и се изолира во имагинарен свет, каде поразите се победа. Тоа го направи ВМРО-ДПМНЕ, со својата визија ги откина како болно ткиво. За жал подмладокот на левицата не сакаше да го напушти воспоставениот систем на однесување на нивните сениори. Популистичките говори и крајната пасивност ги претвори во декор кој согласно нивниот статут мора да постои.
Ние, младите од ВМРО, повторно ќе ги артикулираме современите потреби на младите во Република Македонија, во изборните програми на нашата партија. Ќе го оправдаме долгоградениот имиџ.

Може ли да сети некој на проект или сериозна акција на Социјалдемократската младина?!? Или вклученост во некакви иницијативи? Не, постоеше само критизерство како начин на делување, толку. И еве го резултатот, нашите противници се наоѓаат во голема внатрешна криза. Ако младите во опозицијата се сметаа за некаква искра надеж за спас на тоа што може да се спаси, се уверивме во спротивното. Затоа Унијата на млади сили забревтано работи на своето екипирање и апсорбирање на целокупниот потенцијал во своите редови, за да продолжи да биде генератор на идеи и иницијативи и во партијата и во државата. Тоа го очекуваат од младите, тоа сме должни да го дадеме ние.

Помина времето(освен за тие што не се помириле) на фрази, на освојување со шарм. Далеку е од тоа зад нас. Наближуваат повторно избори, за нас, повторно соочување со граѓаните. Тоа е чин на одговорност, кога граѓаните очекуваат и прашуваат, а политичарите се отчитуваат. Ние, младите од ВМРО, повторно ќе ги артикулираме современите потреби на младите во Република Македонија, во изборните програми на нашата партија. Ќе го оправдаме долгоградениот имиџ. Времето пред нас ќе го искористиме за да се натпреваруваме сами со себе, да нудиме уште подобри решенија и да го даваме најдоброто од себе. Затоа што младите очекуваат, затоа што на Македонија и должиме.
XS
SM
MD
LG