Подмладоците на политичките партии најавија соработка за намалување на невработеноста меѓу младите во земјава. Од граѓанскиот сектор забележуваат дека дискусиите на оваа тема се одвиваат без претставници на младинските организации.
Според истражувањето на невладината организација „Реактор“, повеќе од половина од младите на возраст од 15 до 29 години се неактивни, имено не работат и не бараат работа. Проценката е блиска до заклучокот на Меѓународната организација за труд, според која со 53,7 проценти невработени млади, Македонија е на прво место во светот.
Покрај ваквите емпириски резултати, претставничката на Унијата на млади сили на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ Слободанка Алексовска вели дека „Македонија е земја со мала стапка на невработеност, каде секој млад човек може да основа семејство“. Како ваквите тврдења се вклопуваат со статистиката?
„Значи, според официјални статистики, не знам кога последен пат сте ги погледнале, меѓутоа точно 30,2 отсто е стапката на невработеност во оваа држава, според Државниот завод за статистика, и е една од најниските во регионот.“
РСЕ: А младите?
„Посебно за младите, владата за првпат, актуелната влада донесе акциски план за вработување на младите 2012-2015 година, во којашто се опфатени сите млади луѓе, се таргетирани сите целни групи на млади луѓе“, вели Алексовска.
Реториката меѓу политичките партии пред и по локалните избори неретко се опишуваше како непримерна па дури и ниска. Таквиот однос меѓу партиите нема да ги спречи подмладоците да соработуваат за намалување на невработеноста меѓу младите, смета Стефан Богоев од подмладокот на СДСМ.
„Проблемот со невработеноста на младите којшто денеска ќе се дискутира е еден поширок проблем што претставува проблем за државата и клучен проблем за сите нас без разлика кој од која политичка партија, и која политичка опција доаѓа и можеби токму оваа тема, односно невработеноста на младите во иднина ќе развие поголема соработка меѓу подмладоците.“
Фактот што за дискусијата за младинските политики не биле поканети младинските организации покажува дека младите не се сметаат за сериозен фактор, забележува Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.
„Иако сите податоци кажуваат дека 25 проценти од висококвалификуваниот кадар перманентно заминува од државата, а имаме и податок од пред некоја година дека 50 отсто од средношколците не се гледаат во државата во наредните 10 години. Тоа се фрапантни податоци и доколку ги споредите со неискористеноста на европските фондови наменети за млади преку Националната агенција за програми и мобилност, целата слика се вклопува дека младите не се никаков сериозен фактор во креирањето на младинските политики“, вели Маричиќ.
Невладините организации проценуваат дека младите чекаат од 5 до 7 години по дипломирањето за вработување.
Значи, според официјални статистики, не знам кога последен пат сте ги погледнале, меѓутоа точно 30,2 отсто е стапката на невработеност во оваа држава, според Државниот завод за статистика, и е една од најниските во регионот.Слободанка Алексовска, Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Според истражувањето на невладината организација „Реактор“, повеќе од половина од младите на возраст од 15 до 29 години се неактивни, имено не работат и не бараат работа. Проценката е блиска до заклучокот на Меѓународната организација за труд, според која со 53,7 проценти невработени млади, Македонија е на прво место во светот.
Покрај ваквите емпириски резултати, претставничката на Унијата на млади сили на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ Слободанка Алексовска вели дека „Македонија е земја со мала стапка на невработеност, каде секој млад човек може да основа семејство“. Како ваквите тврдења се вклопуваат со статистиката?
Проблемот со невработеноста на младите којшто денеска ќе се дискутира е еден поширок проблем што претставува проблем за државата и клучен проблем за сите нас без разлика кој од која политичка партија, и која политичка опција доаѓа и можеби токму оваа тема, односно невработеноста на младите во иднина ќе развие поголема соработка меѓу подмладоците.Стефан Богоев, подмладок на СДСМ.