Заврши првиот круг од локалните избори 2013. Сумирајќи го сето она што претходеше на овие избори, потполно може да се каже дека се со референдумско значење. Граѓаните на Македонија покрај тоа што во мнозинство ги потврдија предлог-политиките на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво, кажаа и едно огромно ДА на преродбата која трае во оваа земја од 2006 година, кажаа големо ДА на делата.
Тоа не значи преродбеништво само во политичка смисла, туку и во вредносна, односно концептуална смисла. Третманот на гласачот не е ист како до пред десеттина години.
До пред десетина години таа генерација македонски политичари сметаше дека е доволно да се поседува само лична харизма и фино запакувана реторика, притоа без никаков концепт за развој на државата, а со голема желба да се шармира масата, за потоа вешто и подмолно да се земе сè, да се грабне што е можно повеќе за помала цена.
Денес, мора да имате „црно на бело“ како што вели нашиот народ. Секој може да ја види програмата и отчетот на кандидатите за градоначалници и за време од четири години да споредува што се прави во споредба со она што е ветено. Тоа е обврзување и голема одговорност, бидејќи лесно можете да ја загубите довербата и никаква реторика нема да помогне.
Последователно поразите кои ги доживува опозицијата се од таа причина. Не можат и не сакаат да се навикнат на новите тенденции во политичката понуда и промоција, но пред сè во обврзувањето. Затоа што никој од нас не го избра времето во кое што живееме, но наша е одговорноста да направиме повеќе и да оставиме дела кои ќе бидат видливи за генерациите кои доаѓаат. Посветеноста, макотрпната работа, скромноста и чесноста е она што не разликува од нашите политички противници.
Времето покажува дека не само што постои генерациски јаз со политичките конкуренти, кои денес изгледаат изморено, но и прочитано, туку е и видливо дека тие немаат визија, што е спротивно од она што ние како партија го нудиме. Ние презентираме програма, прецизна, со рокови и точно утврдени приоритети. Затоа, ако некој не верува во она што го говориме, може да ја отвори програмата, таму се нашите проекти, визијата за напредок.
А ним очигледно им е многу полесно да лансираат револуционерни фрази кои воопшто не кореспондираат со реалноста, со времето и со околностите во кои живееме. Наместо напред, тие одбираат регресија.
И повторно од почеток. Ако после 24-ти март ги евидентираме коментарите на челниците на опозицијата (тие што имаат смелост да проговорат), повторно се самопрогласуваат за „жртви“, пак нешто им е одземено, без доза на самокритика. Блиските на нив колумнисти зборуваат за вмровски народ од кој не може да се дојде на власт и слично. Толку е поразителен фактот што воопшто не ни се трудат да ги увидат грешките свои.
Но, сепак би се осврнал на нешто што сметам дека овој континуиран „судир“ каде поразот станува резервација за едната страна е производ на еден друг процес, тоа е судирот на генерациите. Можеби во јавноста и најмалку му се обрнува внимание на ова прашање како клучен фактор за изгледот на политичките процеси во државата. Во Македонија ни се случува типичен судир на генерациски јаз, кој не се однесува само на возраст туку и на околности во кои тие генерации созревале, настанувале. На една страна имате буржоаска генерација која наследила сè од периодот на транзицијата, па дури и од преодот на двата општествени системи. Таа генерација е убедена дека ѝ припаѓа природно правото за владеење и дека не може поинаку да биде. Сè што не е во нејзин прилог и според нејзините очекувања, не е вистинито.
Од другата страна ја имате генерацијата наречена „деца на транзицијата“. Сведоци на периодот на деведесеттите. Таа генерација, пак, живееше во поинакви околности. Преку потешкиот пат, во услови кога македонското семејство запаѓаше економски, учеше дека ништо не припаѓа само по себе, туку за сè треба грчевито и чесно да се избориш, дури и за личното опстојување. Таквите околности во кои секојдневно се слушаше за затворање на фабрики, за стечаи, за долгови, за шверц, за корупција и празни трпези се градеше генерацијата „деца на транзицијата“. Со стекнување на полнолетството и со големите реформи кои настанаа во 2003/2004 година во ВМРО-ДПМНЕ дојде времето и за фактичко вклучување на таа генерација во политиката, која денес е обединета во нашата партија и која се препознава по стилот на работа. Работиш напорно, посветено, чесно и без застој. Транспарентно и отчетно. Секоја работа е одговорност, функцијата е обврска и должност, а не привилегија.
Дијаметрално спротивни во вредносна смисла.
Како актуелен претседател на Унијата на млади сили ме прави горд статусот на младите во ВМРО-ДПМНЕ кој повеќе пати е докажан, но и вклученоста во изборната понуда на овие избори. Кандидати за градоначалници, кандидати за носители на советнички листи, голем број на млади кандидати за советници во секоја општина, вклученоста во изборните програми, посебно младинските политики, учество во водење на најсложени сектори при изборните штабови и така натаму. Тоа нас не обележува и е толку видливо.
Нашата партија и понатаму својата младина ја насочува кон вредностите кои сама ги пропагира и кон онаа одамна зацртана политика. УМС мора да ги продолжи тие политики и мора да остане синоним за одговорност и отчетност.
Од друга страна имам впечаток како да нема ништо, како младинската организација да е замрена и поделена, без вистински вредности и став за клучните прашања, притоа искомпромитиран и оцрнет лидер кој сè што можел му згрешил на народот и ѝ згрешил на државата за време на своето владеење.
Во ретко искажаните ставови на некој претставник провејува ставот на нивните ментори дека „конкурентот едноставно не чини“. И толку.
Не може да се забележи релацијата на тамошната младина во политичката понуда на СДСМ. Само се забележува ароганцијата и самобендисаноста која и онака во наследство им се остава. Всушност тие се деца на „буржоазијата“ од партијата на мама и тато, од партијата во која родителите и нивните најблиски им се функционери, спонзори или пак бивши функционери. И тука генерално се разминуваме. Едната генерација жнее победи и оди напред, другата се враќа назад и губи.
Секој го прави изборот и го има правото на тоа. Дали ќе одбере изолираност и постоење само за својата суета или ќе се ослободи од матрицата. Ние го избравме својот пат. Избравме соочување со сите одговорности кои надоаѓаат. Долгот кон државата е голем. Чест ни е да работиме и градиме за нашиот народ, за нашата држава.