Подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ имаат нови први луѓе, кои, според досегашната практика на Радио Слободна Европа, пишуваат за нашата младинска он-лајн колумна.
Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, како да се заветува дека времето пред нив ќе го искористеле да го дадат најдоброто од себе, затоа што младите го очекувале тоа и тоа и го должеле на Македонија. Има само еден коментар на мислењето на младиот вмровец, од Марија од Скопје, која коментира дека младите денес живеат најлошо, па го потсетува Нелоски дека 1/3 од речиси половина милион иселени од земјава се млади со завршено високо образование, но не можат да најдат работа „зашто немаат книшка од владејачката партија“.
Новиот предводник на социјалдемократската младина се вика Стефан Богоев и за нашата младинска он-лајн колумна насловена „Британска кралица“ му се обраќа на претседателот на Студентскиот парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Богоев потсетува на поразително лошата состојба на студентскиот дом „Гоце Делчев“, па му препорачува да престане да „пишува статуси на Фејсбук, да испраќа смешни, клише-апели до надлежните и да се однесува како британска кралица која ужива во функцијата и одвреме навреме организира некаква, колку да се рече активност за сликање“, туку да ги засука ракавите и да направи нешто конкретно за младите кои живеат по студентските домови.
Анализата „Од Европа ништо ново, интеграциите заборавена приказна“, по којзнае кој пат е шанса да си го кажете своето мислење за тоа зошто земјава, по толку години од добивањето кандидатски статус за време на владата на СДСМ, сè уште нема добиено датум за преговори. Миле со познатите ставови дека ние сме си направиле сè што треба, само виновни биле „домашните предавници и странските непријателски кругови“. Но, преовладуваат коментари со поинаков поглед на нештата: Ванчо, со дестинација Словенија, порачува дека експертите можат да го предвидат однесувањето на политичарите, но не и на народот на кој му е доста од актуелната економска состојба, а Незабеган дава линк до телевизијата 24Вести со изјавата на Груевски во која вели дека „сакаме компромис, но не под диктат на Атина“. Па го прашува како му е прекршената кичма и иронично го нарекува предавник. Перо, пак, претпоставува дека консултираниот дипломат Никовски сигурно погрешил кога смета дека само околу 5% се грешки на оваа влада поради кои не сме добиле датум за преговори.
1/3 од речиси половина милион иселени од земјава се млади со завршено високо образование, но не можат да најдат работа „зашто немаат книшка од владејачката партија“.Коментар од читател.
Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, како да се заветува дека времето пред нив ќе го искористеле да го дадат најдоброто од себе, затоа што младите го очекувале тоа и тоа и го должеле на Македонија. Има само еден коментар на мислењето на младиот вмровец, од Марија од Скопје, која коментира дека младите денес живеат најлошо, па го потсетува Нелоски дека 1/3 од речиси половина милион иселени од земјава се млади со завршено високо образование, но не можат да најдат работа „зашто немаат книшка од владејачката партија“.
Експертите можат да го предвидат однесувањето на политичарите, но не и на народот на кој му е доста од актуелната економска состојба.Коментар од читател.