Премногу доцна се објавува новогодишната програма за Охрид, само на десет дена до дочекот на Нова Година, велат туристичките работници од градот. Тие велат дека тоа се прави многу порано за да може Охрид како туристички центар на Балканот да привлече многу повеќе гости од соседните држави кои би дошле специјално за Новата година да ја дочекаат под отворено небо. Охрид треба да почне да го следи примерот на Будва каде на 31 декември главна звезда ќе биде Дино Мерлин, а локалните власти во овој град очекуваат многу гости од соседните земји. Хотелиерите нудат специјални попусти, а познати звезди ќе настапуваат и на 30 декември и 1 јануари.
Владо Суклоски, туристички работник и добар познавач на приликите во Охрид, вели дека би било добро доколку неколку месеци однапред се знаат учесниците на настапот на плоштадот кој го организира локалната самоуправа.
„Тоа е добро и за агенциите кои настојуваат гости, добро е самите агенции доколку има некое звучно име да го стават во понудата што би привлекло повеќе туристи. Треба најмалку 6 месеци по примерот на Будва пред Нова Година да се знаат учесниците и да се преговара за некои позвучни имиња што всушнот го прави и фестивалот за пиво во Прилеп кој носејќи звучни имиња прави голем број на гости кои доаѓаат тие денови и финансиски
добро проаѓа“, вели Суклоски.
Суклоски вели дека за наредната година треба да се работи на еден поинаков начин и подготовките да почнат веднаш. Смета дека на Охрид му е потребно позвучно име од балканската естрада кој би привлекло многу повеќе гости.
„Мислам дека балканска звезда би привлекла повеќе гости. Секако дека на пример доколку се доведе некоја звезда од Белград, луѓето кои живеат во Врање, Лесковац и други многу полесно му е да дојде и да ја помине Нова Година во Охрид , отколку да оди на концерт на таа звезда во Белград. Звучните имиња привлекуваат многу гости, но тоа е работа на маркетинг и е работа која функционира на други места“, вели Суклоски.
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески вели дека лошата финансиска состојба во општината си го направила своето.
„Се надеваме дека во наредните години кои следат ќе имаме можност да решиме голем дел од овие финансиски проблеми кои ги има општина Охрид и да организираме новогодишен дочек со многу позвучни имиња и со многу поголеми издатоци на финансиски средства. Ние во изминатиот период ги ангажиравме сите можни ресурси, пријатели и бизнис заедницата и сите пријатели на Охрид на што подобар начин ги одбележиме овие празници но со што помал издаток на финансиски средства“, рече Бакрачески.
Поради тие причини задоцниле и со најавата за новогодишната програма вели Бакрачески. Тој рече дека годинава Охрид ќе биде далеку поразличен од минатите години. Новогодишните забави на плоштад почнуваат на 22 декември, а градот деновиве ќе добие и градско лизгалиште. За 31 декември ќе пеат домашни естрадни уметници.
Звучните имиња привлекуваат многу гости, но тоа е работа на маркетинг и е работа која функционира на други места.Владо Суклоски, туристички работник.
Владо Суклоски, туристички работник и добар познавач на приликите во Охрид, вели дека би било добро доколку неколку месеци однапред се знаат учесниците на настапот на плоштадот кој го организира локалната самоуправа.
„Тоа е добро и за агенциите кои настојуваат гости, добро е самите агенции доколку има некое звучно име да го стават во понудата што би привлекло повеќе туристи. Треба најмалку 6 месеци по примерот на Будва пред Нова Година да се знаат учесниците и да се преговара за некои позвучни имиња што всушнот го прави и фестивалот за пиво во Прилеп кој носејќи звучни имиња прави голем број на гости кои доаѓаат тие денови и финансиски
Се надеваме дека во наредните години кои следат ќе имаме можност да решиме голем дел од овие финансиски проблеми кои ги има општина Охрид и да организираме новогодишен дочек со многу позвучни имиња.Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.