Ако многумина го чекаат летото за да дојдат во Охрид и барем неколку дена да престојуваат покрај Охридското Езеро, жителите на нашиот најголем туристички центар го чекаат летото за да заминат надвор од Охрид. Иако езерото им е пред очи, за охриѓани важи дека на капење одат во јуни пред почетокот на туристичката сезона и во септември кога туристите ќе си заминат. Од туристичките агенции во Охрид велат дека кај охриѓани најмногу интерес има за патување во Грција пред се поради ефтините и прифатливи аранжмани. Интерес има и за Бугарија и Црна Гора вели Елида Битрак е од една туристичка агенција.
„Најмногу интерес има за Грција. Годинава намален е интересот за Турција, а како нова дестинација која се промовира е Северен Кипар. Има интерес и за Бугарија и Црна Гора, а мал е бројот на оние кои се интересираат за Хрватска“, вели Битрак.
Ана Филипоска од друга туристичката агенција, вели дека ова лето се чувстува мал пад на продажбата на аранжманите, но оти најмногу охриѓани патуваат за Грција
„Најбарана дестинација е Грција. Охриѓани најмногу ја избрираат оваа дестинација. Цените се движат од 80 евра па нагоре, во зависност за кој период од сезоната се работи. Оваа година е многу барана Будва. И оваа дестинација е прилично евтина и изнесува околу 100 евра по особа. Тие луѓе кои имаат навика на патување, патуваат и сега.“
Од Агенциите велат оти на Лептокарија и Неапори, но и на краците на грчкото приморје се патува најмногу. Аражманите биле доста евтини и биле со организиран превоз до крајната дестинација. Доста прифатливи аранжмани има и за туристичкиот центар Кушадаси во Турција, каде се нудат седумдневни аранжмани за 120 евра.
И Битрак и Филипоска се согласуваат дека за Албанија интересот годинава е значително намален, за разлика од пред две години кога албанското приморје беше топ дестинација за охриѓани. Како причини ги наведуваат хигиената и лошата инфраструктура.
„Пред повеќе години беше голем интересот за Албанија, особено за Саранда и Валона. Во Албанија во последно време не се обрна внимание на хигиената во одредените сместувачки капацитети, а оние хотели кои што нудеа храна, мислам на појадок има некои забелешки во однос на исхраната“, вели Битрак.
„Не е тој интерес како што беше пред неколку години. Причина се инфраструктурата, а потоа и населението таму многу мал дел го зборуваат англискиот јазик. Исто така и хигиената е проблем“, рече Филипоска.
Оваа туристичка сезона мал речиси никаков бил интересот за подалечните дестинации како Тунис, Египет, Дубаи и некои други за разлика од минатите сезони.
Најмногу интерес има за Грција. Годинава намален е интересот за Турција, а како нова дестинација која се промовира е Северен Кипар. Има интерес и за Бугарија и Црна Гора, а мал е бројот на оние кои се интересираат за Хрватска.Елида Битрак, туристички работник.
„Најмногу интерес има за Грција. Годинава намален е интересот за Турција, а како нова дестинација која се промовира е Северен Кипар. Има интерес и за Бугарија и Црна Гора, а мал е бројот на оние кои се интересираат за Хрватска“, вели Битрак.
Ана Филипоска од друга туристичката агенција, вели дека ова лето се чувстува мал пад на продажбата на аранжманите, но оти најмногу охриѓани патуваат за Грција
„Најбарана дестинација е Грција. Охриѓани најмногу ја избрираат оваа дестинација. Цените се движат од 80 евра па нагоре, во зависност за кој период од сезоната се работи. Оваа година е многу барана Будва. И оваа дестинација е прилично евтина и изнесува околу 100 евра по особа. Тие луѓе кои имаат навика на патување, патуваат и сега.“
Најбарана дестинација е Грција. Охриѓани најмногу ја избрираат оваа дестинација. Цените се движат од 80 евра па нагоре, во зависност за кој период од сезоната се работи. Оваа година е многу барана Будва. И оваа дестинација е прилично евтина и изнесува околу 100 евра по особа. Тие луѓе кои имаат навика на патување, патуваат и сега.Ана Филипоска, туристички работник.