Нестабилната состојба на економски и политички план во Грција негативно се одразува врз македонските компании кои своите производи ги извезуваат во нашиот јужен сосед, како и врз целокупната трговска соработка меѓу двете земји. Александар Попоски, кој е директор на компанија која се занимава со откуп и тровија на јагниња, како и извоз на месо, вели дека потрошувачката на нивните производи во Грција е намалена за половина во однос на минатата година.
„Нестабилност има околу намалување на побарувачката, инаку околу плаќањето работиме со поголеми фирми така да немаме проблеми. Побарувачката е намалена за околу 50 насто во споредба со претходните години. Ние со нив работиме на извоз на јагнешко месо. Пред Велигден земаа многу малку роба, како и потоа, што ако се спореди со минатата година е многу помалку“, вели Попоски.
Мирче Чекреџи од Сојузот на Стопански комори вели дека Грција е еден од позначајните трговски партнери на Македонија и кризата во нашиот јужен сосед ќе има последици врз домашното стопанство.
„Нашето стопанство ќе трпи штета, особено извозната страна, затоа што се помалку грчки компании ќе увезуваат. Што се однесува до грчките инвестиции тука, тие работат како македонски компании, според нашето законодавство и мислам дека таму нема да има некакво влијание“, вели Чекреџи.
Тој додава дека македонските компании кои соработуваат со грчките, излезот од ситуацијата треба да го бараат во пронаоѓање на други трговски партнери.
„Кога не му оди добро на вашиот партнер, соработката е значително отежната. Така да нашите компании кои соработуваат со нив најверојатно веќе почнале да бараат партнери во други земји“, додава Чекреџи.
Поради ситуацијата во Грција, упатените велат дека ќе трпи и туризмот, особено пограничните градови во Македонија, кои редовно беа посетувани од страна на соседите. Од туристичките агнеции, пак, велат дека оваа година очекуваат и интересот за летување во Грција да биде намален.
Нестабилност има околу намалување на побарувачката, инаку околу плаќањето работиме со поголеми фирми така да немаме проблеми. Побарувачката е намалена за околу 50 насто во споредба со претходните години. Ние со нив работиме на извоз на јагнешко месо. Пред Велигден земаа многу малку роба, како и потоа, што ако се спореди со минатата година е многу помалку.Александар Попоски, стопанственик.