Достапни линкови

Франција и Грција уморни од штедење


Францускиот претседател Никола Саркози стана единаесетиот лидер од еврозоната кој е принуден да замине од почетокот на должничката криза. Токму мерките за излез од кризата беа и причината што двете најголеми грчки партии Нова Демократија и ПАСОК не успеаја на вчерашните избори да добијат мнозинство во парламентот.

Новоизбраниот француски претседател Франсоа Оланд, првиот социјалистички кандидат кој победи по 17 години, се појави на плоштадот Бастиља каде што во 1789 година избувна Француската револуција.
Французите одлучија, Саркози си заминува од Елисејската палата.
Французите одлучија, Саркози си заминува од Елисејската палата.

„Не знам дали ме слушате, но јас ве слушнав. Ја слушнав вашата желба за промена. Ја слушнав вашата моќ, вашата надеж и сакам да ви заблагодарам“, изјави Оланд пред насобраните на плоштадот Бастиља воодушевени од изборната победа

„Тоа е Француска револуција. Тоа е нова Француска револуција. Ова е извонредно.“
Не знам дали ме слушате, но јас ве слушнав. Ја слушнав вашата желба за промена. Ја слушнав вашата моќ, вашата надеж и сакам да ви заблагодарам.
Франсоа Оланд, новоизбран претседател на Франција.

Оланд во вчерашниот втор круг доби околу 52 насто од гласовите поради неговата кампања фокусирана врз социјална правда и ослободување од политиката на штедење што ја предводи Германија.

Оланд кој на 15 мај треба да ја преземе функцијата, додаде дека неговата победа претставува надеж за сите Европејци кои веруваат дека штедењето може да се избегне.

Изборите во Франција и во Грција беа насочени кон мерките за штедење кои дизајнирани да ги стават под контрола буџетските дефицити, почнаа да претставуваат пречка за развојот во еврозоната.
шефот на Сириза Алексис Ципрас
шефот на Сириза Алексис Ципрас

Подготвени сме да ја земеме одговорноста за формирањето нова влада на национален спас. Но, со две специфични аспирации: земјата да остане во еврозоната и дополнување на договорот за спасувачкиот пакет.
Андонис Самарас. лидер на Нова демократија.

ММФ во минатиот месец дури ги предупреди европските лидери дека бранот штедење поттикнува рецесија.

Две години по првиот финансиски пакет за спасување на Грција, гласачите им го свртија грбот на двете партии кои традиционално формираат влада во таа земја.

Грците гласаа за помалите партии кои директно се противат на мерките за штедење со што се доведе во прашање иднината на таа земја во еврозоната.

Иако на второ место, по конзервативната Нова Демократија која доби 19 насто од гласовите, вчерашниот голем победник е Коалицијата на радикалната левица или Сириза и со скоро 17 проценти е пред социјалистичкиот ПАСОК.

И лидерот на Нова демократија Андонис Самарас и шефот на Сириза Алексис Ципрас се за промени на грчкиот договор за добивање помош од меѓународната зедница.

„Подготвени сме да ја земеме одговорноста за формирањето нова влада на национален спас. Но, со две специфични аспирации: земјата да остане во еврозоната и дополнување на договорот за спасувачкиот пакет.“

Но, додека Самарас е за останување на земјата во еврозоната, Ципрас бара отпишување на долгот.

„Народот одговори на нашиот предлог да го откажеме кредитот и да го смениме курсот на јавната беда“, изјави Ципрас.

За првпат во грчкиот парламент со 300 места влезе и неонацистичката Златна зора која со освоени скоро седум насто од гласовите доби 21 пратеничко место.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG