За прв пат по соборувањето од власт на Слободан Милошевиќ во 2000 година, по декадата војни на Балканот, главните политички сили на српските претседателски и парламентарни избори в недела имаат иста цел, членство во Европската унија.
„На 6 мај ќе се одржат три национални избори, во Франција, Грција и Србија и ние сме единствените кои се најпозитивни спрема Европа“, вели Милица Делевиќ, кандидат на владејачката Демократска партија.
Релативното единство околу Европа можеби изгледа изненадувачко, но од 1 март Србија е официјален кандидат за влез во Унијата, можност која се отвори по предавањето на Ратко Младиќ во Хаг и по февруарскиот договор меѓу Белград и Приштина.
За прв пат двете водечки партии владејачката Демократска на претседателот Борис Тадиќ и опозиционата Напредна на претседателскиот кандидат Томислав Николиќ се проевропски.
„Ние почитувани пријатели и покрај сите напади и закани ја одржавме нашата политика: и Европа и Косово и нема да се откажеме, ни од Европа, ни од Косово, бидејќи не сакаме да го доведеме под прашање територијалниот интегритет на нашата земја“, изјави Борис Тадиќ.
Сепак, изборната кампања повеќе беше фокусирана врз економските проблеми, а не врз Косово.
„Овие избори се за економијата и за вработувањето“, вели за Фајненшал тајмс шефот на мисијата на Обединетите нации во Србија, Вилијам Инфанте.
И додека Косово не е големо прашање на српските избори, токму српските избори се прашање на Косово. Меѓународните мировници се во зголемена готовност поради можни инциденти откако две општини на косовските Срби ги отфрлија инструкциите од Белград и в недела ќе одржат локални избори.
Можните идни коалиции во Србија можеби ќе зависат од резултатот на претседателските избори. Се очекува Николиќ да победи на првиот круг, но Тадиќ да извојува победа во вториот круг на 20 мај.
Со исти предизборни пресметки се занимаваат и во Грција каде што, според последните анкети, води конзервативната Нова демократија која засега ја отфрла идејата да продолжи да работи со ПАСОК во обнова на економијата на земјата. Лидерот на Нова демократија Андонис Самарас се надева дека неговата партија ќе добие доволно гласови за да владее сама.
Но, грчките гласачи се бесни и по се изгледа решени да ги казнат двете главни партии за острите мерки за штедење воведни за да се добие неопходниот финансиски спасувачки пакет на Европската унија и ММФ со цел земјата да избегне банкрот.
Аналитичарите стравуваат дека тоа ќе значи долготраен политички ќорсокак и уште поголем економски хаос во земјата.
Од друга страна за прв пат по 40 години големи шанси за влез во парламентот има и неонацистичката Златна зора која се противи на се што доаѓа од Брисел.
„Јас сум убеден дека владата по изборите, исто така, ќе биде посветена на спроведување на програмата во целост и навремено, бидејќи тоа е во интерес на грчкиот народ“, изјави неодамна грчкиот премиер Лукас Пападимос кој на таа функција дојде кон крајот на минатата година како технократ кој, меѓу другото, требаше да овозможи спроведување на мерките за штедње и да го отвори патот за одржување на предвремените избори.
На 6 мај ќе се одржат три национални избори, во Франција, Грција и Србија и ние сме единствените кои се најпозитивни спрема Европа.Милица Делевиќ, кандидат на владејачката Демократска партија.