Приказната за најпозната охридска девојка Билјана која платно белела на Охридското езеро, на туристите цело лето им ја раскажува охриѓанецот Ѓоко Јанески. Овој човек на еден несекојдневен и иновативен начин сака да ја доближи легендата за Билјана до домашните и странски туристи.
Дрвена кукла која бели платно е поставена на градското пристаниште во Охрид, а туристите можат да се облечат во нејзината облека па дури и да се фотографираат со неа за само 100 денари или пак да купат некој од сувенирите. Јанески вели дека оваа идеја била стара но оти до сега не ја реализирал и оти на гостите им ги објаснува сите детали поврзани со легендата за охридската убавица.
„Ние сме од Охрид и оваа идеја е стара и никој за овие 50 години не ја реализира. Јас сум тој кој што се сети и кој што сакав да дадам шмек на Охрид. Билјана е заборавена тема иако во времето на Југославија беше поприсутна. Со ова ја обновивме легендата на Охрид. На гостите им кажувам дека Билјана го перела платното без никакви додатоци и дека водата била доволна да го испери платното и да биде чисто и затоа таа платното го ставала на главата“, вели Јанески.
Јанески вели дека интерес да се фотографираат со Билјана има кај гостите од поранешните ЈУ републики и домашните туристи, но вели проблем е што оваа година нивниот број бил помал.
„Сега дојде до промена на туризмот и сега најмногу се присутни Албанци, Грци, Турци, Косовари кои не знаат која е Билјана. Тешко е да им ја објасниме приказната. Тие кои имаат македонски корени се сликаат, а другите не“, вели Јаневски.
Наредната туристичка сезона тој сака приказната за Билјана да ја прошири со нови содржини.
„Планираме повеќе Билјани да има. Да има една Билјана со пиралка, друга со ѓумови. Ова е голема тема. Ова е нешто што го нема никаде на планетата. Билјана порано беше присутна на сите проспекти за Охрид, а таа сега е заборавена и неа ја нема на ниту еден проспект. Билјана платно белеше се пееше и во Кина, така едноставно се наместени нотите“, вели Јанески.
Охриѓани ја поздравуваат идејата на својот сограѓанин.
„Билјана платно белеше порано беше поставена на Билјанини извори. Ние таму одевме со мајките да переме черги и ќебиња. И сега на овој наш другар му дојде добра идеја овде на пристаниште да ја донесе Билјана каде има многу народ. Ова е една голема атракција за Охрид и ќе донесе и пари за сите бидејќи е нова содржина во градот“, рече Панде Дајовски жител на Охрид.
Ние сме од Охрид и оваа идеја е стара и никој за овие 50 години не ја реализира. Јас сум тој кој што се сети и кој што сакав да дадам шмек на Охрид. Билјана е заборавена тема иако во времето на Југославија беше поприсутна. Со ова ја обновивме легендата на Охрид.Ѓоко Јанески, раскажувачот на легендата за Билјана.
Дрвена кукла која бели платно е поставена на градското пристаниште во Охрид, а туристите можат да се облечат во нејзината облека па дури и да се фотографираат со неа за само 100 денари или пак да купат некој од сувенирите. Јанески вели дека оваа идеја била стара но оти до сега не ја реализирал и оти на гостите им ги објаснува сите детали поврзани со легендата за охридската убавица.
„Ние сме од Охрид и оваа идеја е стара и никој за овие 50 години не ја реализира. Јас сум тој кој што се сети и кој што сакав да дадам шмек на Охрид. Билјана е заборавена тема иако во времето на Југославија беше поприсутна. Со ова ја обновивме легендата на Охрид. На гостите им кажувам дека Билјана го перела платното без никакви додатоци и дека водата била доволна да го испери платното и да биде чисто и затоа таа платното го ставала на главата“, вели Јанески.
Билјана платно белеше порано беше поставена на Билјанини извори. Ние таму одевме со мајките да переме черги и ќебиња. И сега на овој наш другар му дојде добра идеја овде на пристаниште да ја донесе Билјана каде има многу народ. Ова е една голема атракција за Охрид и ќе донесе и пари за сите бидејќи е нова содржина во градот.Панде Дајовски, жител на Охрид.