Достапни линкови

Грција топ дестинација за прилепчани


Илустрација.
Илустрација.

Од туристичките агенции истакнуваат дека Грција е годинешната топ дестинација за прилепчани, за сметка на Охрид, а паѓа интересот и за Турција, Црна Гора и Хрватска, каде цените се превисоки за џебот на просечниот Македонец.

Моника Ѓорѓиоска е стоматолог со повеќегодишна приватна пракса. Оваа лето таа со својот сопруг одлучила да летува во странство, вели затоа што секоја година сакаат да посетат нова туристичка дестинација, да ги откриваат убавините. Летувале во Албанија, восхитени се природата, и задоволни од условите за сместување и целата понуда, а најмногу од мирисот и убавината на морето. Но, како што вели Ѓорѓиоска надлежните треба многу повеќе да работат на зголемување на квалитетот и лепезата на услуги во домашните дестинации.
Во Македонија не сум многу расположен за летување, бидејќи цените на сместувањето во Охрид се многу високи, храната не е баш многу квалитетна, на пример скарата во Прилеп не може да се спореди, исхраната во Прилеп е десет пати подобра, хотелите се прескапи, прескапи се пијалоците, услугите, патот е многу лош до таму, патот е многу лош да се појде на плажа...
Анкетиран граѓанин.

„Во Македонија има прекрасни места, но пред се треба да се среди чистотата, да се направат цените да бидат достапни за македонскиот народ, а не само да се бараат странски туристи, не треба само да понудиме природни убавини, туку треба да се потрудиме тие природни убавини да ги донесеме на ниво на европските, а не само „ние сме тие што сме, какви што сме, сме добри“,наместо да се потрудиме да направиме нешто повеќе“, вели Ѓорѓиоска.
Илустрација.
Илустрација.

Семејството на Александар Цветкоски за годинешна летна дестинација ја избра Грција.

„Во Македонија не сум многу расположен за летување, бидејќи цените на сместувањето во Охрид се многу високи, храната не е баш многу квалитетна, на пример скарата во Прилеп не може да се спореди, исхраната во Прилеп е десет пати подобра, хотелите се прескапи, прескапи се пијалоците, услугите, патот е многу лош до таму, патот е многу лош да се појде на плажа...“, истакнува Цветкоски.
Резултат е на ниските цени во сместувањето, не е скапо бидејќи се работи за апартманско сместување, цените се намалија и во рестораните,значи не е сега кафето како пред неколку години по 3 евра, туку дојде едно евро и таму,истои храната како во Охрид, и во продавниците и во рестораните, порција риба за 5 до 6 евра и во Охрид не можеш да јадеш, а веќе во Грција толку е цената.
Бранко Карески, сопственик на туристичка агенција во Прилеп.

Од туристичките агенции истакнуваат дека Грција е годинешната топ дестинација за прилепчани, за сметка на Охрид, а паѓа интересот и за Турција, Црна Гора и Хрватска, каде цените се превисоки за џебот на просечниот Македонец.

„Резултат е на ниските цени во сместувањето, не е скапо бидејќи се работи за апартманско сместување, цените се намалија и во рестораните,значи не е сега кафето како пред неколку години по 3 евра, туку дојде едно евро и таму,истои храната како во Охрид, и во продавниците и во рестораните, порција риба за 5 до 6 евра и во Охрид не можеш да јадеш, а веќе во Грција толку е цената“, вели Бранко Карески, сопственик на туристичка агенција во Прилеп.

Според Карески младите прилепчани сепак избираат најмногу да летуваат во Бугарија, каде и цените се подостапни. Многу млади ова лето се разладуваат на двата градски базена, каде за симболични суми, се бањаат преку денот, се дружат, забавуваат. Некои велат дека градот нуди добра вечерна летна шема.

„Мислам да, особено во кафулињата како што се ноќните клубови:Калипсо и Табу,не е ништо посебно, но сепак може нешто да се направи, да се излезе, преку денот секојдневното кафе“, вели матурантката Симона Трајческа.

Најголем број прилепчани поради невработеноста и безработицата и ова лето ќе останат дома. Тутунарите се чини се најбројни.

„Летен одмор немаме, само со тутунот се расправаме, појди-дојди на нива, дури се насади, па берење, па копање, сето тоа треба само со тутунот да се расправаме, па ќе дојде после пеглање“, вели Трајанка Стојческа.

А, највозрасната група граѓаните, пензионерите, организираат краткротрајни прошетки до македонските манастири и езерски дестинации. Сè на сè, во Прилеп летото секој го минува условен од возраста и стандардот.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG