Достапни линкови

Трепјца сред лето без вода и струја


Туристичко место е Трпејца. Да немаме струја и вода, а туристичко место сме. На овој начин само ни бегаат гостите дома. Ова е срамота,вели жител на Трпејца.

Трпејца или македонското Сент Тропе како што многумина го нарекуваат и ова лето се соочи со проблеми со нормалното снабдување со вода за пиење и електрична енергија. Жителите велат дека се случувало да полнат вода за пиење од селската чешма и оти на тој начин не се чекаат гости.
Треба да се преземе нешто од страна на ЕВН и Водовод. Ние сме туристичко место и чекаме еден месец во годината туристи. Сакаат луѓето да земат некој денар и да ја преживеат годината.
Анкетиран жител на Трпејца.

Трпејца која важи за рај на Охридското езеро, каде туристите можат да најдат тишина и мир далеку од градската врева секоја година го мачат истите проблеми. Иако поголемиот проблем се случи пред десет дена, мештаните бараат проблемот да се реши за секогаш.

Директорот на Јавното претпријатие Проаква, Томе Паскалоски рече дека проблемот не е во водоснабдителниот систем кој го контролира Проаква. Вели дека селото со вода за пиење се снабдува со специјални пумпи преку кои се црпи вода директно од езерото.
Вода сега има, но во попладневните часови после 17 часот има проблеми со притисиокот за вода. ЕВН го знае тоа, но што ќе преземат не знам. И минатата година и пред минатата беше истиот проблем, но до сега не е решен проблемот. Потребна е инвестиција во тој дел во однос на електирчната енергија, како трафостаница.
Томе Паскалоски , директор на Јавното претпријатие Проаква.

„Проблемот е веќе две години наназад и не е нов. Проблемот е во електричната енергија бидејки напонот е многу низок. ЕВН го знае проблемот, ние сме се обратиле и до нив, а комуницираме и со локалните жителите. Имаме вработено и наш човек од селото кој е 24 часа и не информира за сите проблеми. Вода сега има, но во попладневните часови после 17 часот има проблеми со притисиокот за вода. ЕВН го знае тоа, но што ќе преземат не знам. И минатата година и пред минатата беше истиот проблем, но до сега не е решен проблемот. Потребна е инвестиција во тој дел во однос на електирчната енергија, како трафостаница“, вели Паскаловски.

Жителите велат дека Трпејца вака не може да развива туризам.

„Туристичко место е Трпејца. Да немаме струја и вода, а туристичко место сме. На овој начин само ни бегаат гостите дома. Ова е срамота“,вели жител на Трпејца.

„Треба да се преземе нешто од страна на ЕВН и Водовод. Ние сме туристичко место и чекаме еден месец во годината туристи. Сакаат луѓето да земат некој денар и да ја преживеат годината“, вели друг жител на Трпејца.

Портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски, рече дека ако жителите сметаат дека има проблем слободно да се обаратат до службите на ЕВН.

„Капацитетот на трафостаницата без разлика дали е стара или е понова, ако е доволен за снабдување со струја не би требало да има никаков проблем.Проблемот се јави само кога сите корисници беа префрлени на ниско напонска мрежа и тогаш се јави одреден пад на напонот. Корисниците слободно можат да го кажат нивниот проблем, а нашите екипи ќе излезат на терен и ќе видат за што точно се работи и согласно утврдената состојба на терен ќе изготват решение за тоа“, вели Ковачевски.
XS
SM
MD
LG