Достапни линкови

Катастрофална туристичка сезона во Охрид


Хотелиерите, туристичките работници, угостителите, таксистите оценуваат дека градот како никогаш до сега во овој период од годината не бил толку празен.

Катастрофална туристичка сезона, вака инволвираните во туризмот во Охрид ја оценуваат оваа туристичка сезона која е во нејзиниот шпиц. Според хотелиерите, туристичките работници, угостителите, таксистите, градот како никогаш до сега во овој период од годината не бил полупразен. Недостасуваат гостите од соседството, особено српските туристи кои се и најголеми потрошувачи, за разлика од гостите од Западно европските држави и Америка кои се побројни, но како резултат на кружните тури во чии што рамки го посетуваа цел Балкан.
Градот ни е полупразен. Кај хотелските капацитети за 25 проценти до крајот на сезоната ќе биде помал бројот на посетеност. Но катастрофална е посетеноста од гостите кои ги очекувавме од земјите од опкружувањето и од нашите домашни гости.
Дончо Таневски, претседател на Хотелската асоцијација на Македонија - Хотам.

Претседателот на Хотелската асоцијација на Македонија - Хотам, Дончо Таневски вели дека за ваквата ситуација предупредиле уште пред почетокот на туристичката сезона

„Градот ни е полупразен. Кај хотелските капацитети за 25 проценти до крајот на сезоната ќе биде помал бројот на посетеност. Но катастрофална е посетеноста од гостите кои ги очекувавме од земјите од опкружувањето и од нашите домашни гости“, вели Таневски.

Таневски вели дека тешко дека нешто би можело да се подобри во останатиот период од летото.

„Можеби нешто може да се промени на домашен терен и да се зголеми бројот на домашните гости“, вели Таневски.
Многу често добиваме цени „last minute“ за престој во Грција. Тоа значи дека за 140 евра има организиран превоз од Охрид, превоз со траект до Игуменица, сместување на Крт, 9 ноќевање и враќање. Тоа е евтина цена, што во Охрид таа цена не може да се најде.
Елида Турс, туристички работник.

Елида Битрак од туристичката агенција Елида Турс вели дека српските туристи избегале во Грција, каде летуваат десет дена за аранжмани за кои во Охрид не може ниту да се сонува.

„Евтини се аранжманите за Грција. Голем број на гости од Македонија и Охрид одморот го минуваат на Егејското море. Многу често добиваме цени „last minute“ за престој во Грција. Тоа значи дека за 140 евра има организиран превоз од Охрид, превоз со траект до Игуменица, сместување на Крт, 9 ноќевање и враќање. Тоа е евтина цена, што во Охрид таа цена не може да се најде“, вели Битрак.

Се жалат и охридските таксисти

„По 18 години возење такси, ова е најслаба сезона.“

РСЕ: Како поминавте во јули?

„Многу слабо и очајно. Сега има такси на претек, но нема гости. Не можеш да заработиш 300 денари како возач“, вели еден таксист.

Битрак вели дека за ова што му се случува на Охрид, причина била економската состојба насекаде на Балканот, но и лошите временски услови во текот на јули, а според неа охридскиот туризам се соочува со проблеми кои биле резултат и на неажурноста на одговорните изминатите години.
XS
SM
MD
LG