Достапни линкови

„Диско анимиран фанк“ во Интимен театар Битола


Физичкиот перформанс „Диско анимиран фанк“, дело на бугарските уметници Огњан Колев и Ивајло Димитров, својата праизведба ќе ја доживее утревечер во 20 часот на сцената на независниот Интимен театар од Битола. Станува збор за соработка на нашите театарски дејци со колегите од Здружението за современа и алтернативна уметност и култура „По вистински случај“ од Софија која во матичната средина ќе биде премиерно претставена во јануари наредната година по двете ексклузивни изведби во Македонија.

По премиерата на „Трансферату“ со која беше означен официјалниот почеток на делување, независниот Интимен театар од Битола на крајот од оваа календарска година на почитувачите на уметноста и воопшто на македонската културна јавност ќе им ја дари и праизведбата на физичкиот перформанс „Диско анимиран фанк“, дело на бугарските уметници Огњан Колев и Ивајло Димитров.
Кога ја нема жената, мажите често и многу брзо стигнуваат до конфликт. Нас не интересираше кога конфликтот го достига својот врв и каде е точката по која квалитетниот взаемен однос генерира креативна врска која преминува во споделување и творештво.
Огњан Голев, актер.

Станува збор за соработка на домашните театарски дејци со колегите од Здружението за современа и алтернативна уметност и култура „По вистински случај“ од Софија која во матичната средина е планирано премиерно да биде претставена во јануари наредната година дури по двете ексклузивни изведби во Македонија.

Според неговите творци перформансот „Диско анимиран фанк“ всушност ги следи процесите на блискост меѓу двајца мажи и потребното време да се реализира соработка. Во
неговата изведба се користат средствата на современиот танц и музика како и дирекната импровизација на сцена.

„Кога ја нема жената, мажите често и многу брзо стигнуваат до конфликт. Нас не интересираше кога конфликтот го достига својот врв и каде е точката по која
Границите може да се бришат и луѓето да контактираат, да разменуваат уметнички погледи, да разменуваат театар, да разменуваат идеи.
Софија Ристевска, режисер.
квалитетниот взаемен однос генерира креативна врска која преминува во споделување и творештво“, вели актерот Огњан Голев.

Тој во 2001 година дипломирал на Националната академија за театар и филм „Крсто Сарафов“ во Софија, а веќе во наредната година специјализирал режија на истата високошколска установа. Во последниве десет години има играно во голем број театарски претстави во софиските театри и
во неколку бугарски филмови. Во 2008 година, Голев заедно со сопругата Ирина Дочева Голева го создава Здружението за современа и алтернативна уметност и култура „По вистински случај“, а перформансот „Диско анимиран фанк“ е негов втор самостоен проект.

Неговиот партнер танчарот Ивајло Димитров дипломирал пантомима на иостата Академија, а магистрирал театарска режија на Новиот бугарски универзитет во Софија во 2003 година. Потем станал професор по „импровизација на движењето“ на Националната академија за театар и филм, а работел како кореограф и танчар во неколку минати проекти на Здружението „По вистински случај“. Во 2009 година, со својата танцова минијатура, „Пара/Симпатетик“, добива прва награда на натпреварот за современа бугарска кореографија, организиран од фондација „Хјум артс“ и Центар за култура и дебата „Црвената куќа“ .

Здружението „По вистински случај“ постои седум години и досега има реализирано осум авторски проекти. Тие се занимаваат со теми кои се во нивниот видокруг и притоа безмалку сите се работени според вистински настани. Не користат однапред напишан текст , однапред напишана драматургија и затоа „Диско анимиран фанк“ е физички перформанс, претстава со малку текст и многу движење и за која музиката специјално ја напиша германскиот автор Патрик Кремер. Здружението во текот на изминатиот период се стекна со бројни признанија, а за проектот „Пеперутките се всушност истребувачи“ ја доби наградата ИКАР која е најголемо признание за театар кое го доделува Сојузот на артистите на Бугарија.

Софија Ристевска, режисерката која само пред десетина дена во Благоевград го постави „Буре барут“ култниот текст на Дејан Дуковски, вели дека неизмерно и се радува на ова несекојдневна соработка со нејзините пријатели од соседна Бугарија и дополнува дека со неа нејзиниот Интимен театар како независен театар остварува контакт со слични групи од соседните држави во регионот.

„Оваа соработка е многу важна за во иднина да може да направиме еден мал фестивал во нашиот театар. Покрај тоа вака сакаме да испратиме порака дека границите може да се бришат и луѓето да контактираат, да разменуваат уметнички погледи, да разменуваат театар, да разменуваат идеи. Тоа, според мене, е најбитното со кое што би требало да се бави театарот. Како со правењето на уметничкиот продукт, така и со неговата размена. “
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG