Достапни линкови

Буџетот половично разгледан во Комисиите


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Предлог буџетот помина на матичната комисија за финансирање и буџет. Скоро 400 амандмани останаа неразгледани.

Откако заврши десетдневната расправа за предлог буџетот во матичната комисија за финансирање и буџет, најдоцна до утре предлогот треба да добие зелено светло и од законодавно-правната комисија. Пратениците не очекуваат изненадувања од расправата во оваа комисија, оти како што велат, таа само формално разгледува дали амандманите се во согласност со Уставот и законите.
Во таа комисија не би требало повторно да има некоја расправа. Законите во таа комисија се гледаат од законодавно-правен аспект.
Незим Рамизи, ДУИ.

„Во таа комисија не би требало повторно да има некоја расправа. Законите во таа комисија се гледаат од законодавно-правен аспект“, објаснува Незим Рамизи од Демократската унија за интеграции.

Откако предлог буџетот ќе помине и во законодавно-правната комисија, извештајот на комисијата, во која се вклучени и амандманите што не беа разгледани се испраќа до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, кој потоа го проследува до Владата. Откако Владата пак ќе го разгледа предлогот, истиот го враќа до Собранието, а тоа на пленарна седница во рок од пет дена ќе треба да го донесе Буџетот.
Треба сериозно да се размисли да се направат измени во деловникот во кој точно ќе се регулираат овие процедури и прашања за да не се доведуваме во ситуација пратеници кои спремиле амандмани од комуналната инфраструктура, од социјалниот живот да не останат неразгледани.
Марјанчо Николов, СДСМ.

„Триста деведесет и два амандмани останаа неразгледани. Тие што останаа неразгледани бидејќи рокот беше истечен ќе бидат наведени во извештајот кој Комисијата ќе го испрати до Претседателот на Собранието, а тој до Владата“, вели претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, Марјанчо Николов од СДСМ.

Но поделени мислења и несогласувања помеѓу пратениците од власта и опозицијата сè уште предизвикуваат деловничките измени според кои се ограничува расправата во комисијата на десет, а на пленарна седница на пет дена.

„Треба сериозно да се размисли да се направат измени во деловникот во кој точно ќе се регулираат овие процедури и прашања за да не се доведуваме во ситуација пратеници кои спремиле амандмани од комуналната инфраструктура, од социјалниот живот да не останат неразгледани и граѓаните да немаат можност да слушнат дека во Собранието се расправа и за дел од нивните проблеми“, изјави Николов.

Од владејачката ДУИ, пак, сметаат дека десет дена се доволни за водење расправа по амандманите, оти, како што посочуваат, повеќе од половината биле неиздржани.

„Да не речам дека едно 50 отсто од амандманите се без основ, донесени се само колку да се има расправа, колку пратениците да излезат и да прават политика пред својот електорат, дека еве на пример бараат градење на водоводи или школи“,вели Рамизи.

Според него, потребно е опозицијата да си направи распоред на амандманите и оние кои се однесуваат на исти работи да ги дискутира во пакет.

Инаку на расправата во комисијата за финансирање и буџет беа разгледани 291 амандман од вкупно 684 кои беа поднесени. Од нив најголемиот дел (316) се на Социјалдемократскиот Сојуз. Владејачкото мнозинство прифати само пет од нив. Опозицијата се сомнева дека прифаќањето на амандманите ќе значи и нивно реализирање, повикувајќи се на ланското искуство кога власта кажала дека прифаќа 44 амандмани, а во предлогот вратен до Собранието имало само 11. Од нив ниту еден не бил реализиран.
XS
SM
MD
LG