Славчо Јорданов е сопственик на фирма од прехранбената индустрија која се пријавила на владиниот конкурс за обезбедување странска експертска помош. Маркетингот бил слабата страна на неговата компанија, па токму затоа смета дека помошта од стручни странски експерти би му била добредојдена.
„Мислам дека тоа ни фали малку во организацијата на нашата фирма, во делот на маркетингот. Ни кажаа дека бесплатно ќе носат стручњаци од странство, така да сметаме дека ќе имаме помош во тoј поглед.“
Идејата за ангажирање на странски експерти не е лоша, вели и претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски иако не го гледа и бенефитот за компаниите. Она што во целата работа е нелогично е тоа што во светот се продаваме како земја која има висок образовен кадар и надпросечен интелектуален потенцијал, а од друга страна плаќаме странски експерти да ни кажуваат како треба да го развиваме стопанството, вели Темелковски.
„Сега случам 28, па 80 компании, до 700 луѓе. Тој што стигнал до 700 луѓе значи веќе едуцирал менаџмент, едуцурал кадар, не ми одговара во концептот на владата која преку роуд шоута не претставува со држава со висок интелектуален потенцијал.“
И за економските експерти намерата на Владата да ангажира странски стручњаци кои во домашните компании би требало да пристигнат на почетокот на февруари е за поздравување. Во однос на другите владини проекти кои се финансираат со јавни пари, овој е веројатно најдобриот, вели универзитетскиот професор Биљал Касами.
„Но прашањето е колку навистина нашите компании се заинтересирани тоа да го користат што е можно најдобро и кој ќе биде ангажиран, дали во овој дел владата навистина ќе ангажира експерти кои ќе имаат што да им кажат на нашите компании.“
Важен момент е и тоа во кои компании ќе се ангажира странската помош, вели Касами. Логично е ако таквата помош ја користат средните и големи компании кои имаат намера да се претстават на европскиот пазар, вели тој.
„Ако тие експерти се користат за тоа како нашите компании да делуваат на внатрешниот пазар, мислам дека тоа е џабе трошење на пари, на јавни средства.“
Инаку деведесет и осум компании од различни сектори се пријавиле за вклучување во овој проект, најголемиот дел од нив од преработувачката индустрија, информатичката технологија, услужните дејности, трговијата и земјоделството. Од пријавените има компании од сите делови од земјава и со секаква големина од пет до над 700 вработени. Проектот сега влегува во втора фаза во која ќе се посетуваат компаниите за да се утврди каков профил на стручњаци им се потребни.
Ни кажаа дека бесплатно ќе носат стручњаци од странство, така да сметаме дека ќе имаме помош во тoј поглед.Славчо Јорданов, сопственик на фирма од прехранбената индустрија.
„Мислам дека тоа ни фали малку во организацијата на нашата фирма, во делот на маркетингот. Ни кажаа дека бесплатно ќе носат стручњаци од странство, така да сметаме дека ќе имаме помош во тoј поглед.“
Идејата за ангажирање на странски експерти не е лоша, вели и претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора, Зоре Темелковски иако не го гледа и бенефитот за компаниите. Она што во целата работа е нелогично е тоа што во светот се продаваме како земја која има висок образовен кадар и надпросечен интелектуален потенцијал, а од друга страна плаќаме странски експерти да ни кажуваат како треба да го развиваме стопанството, вели Темелковски.
Не ми одговара во концептот на владата која преку роуд шоута не претставува со држава со висок интелектуален потенцијал.Зоре Темелковски, претседател на Македонско-бугарската стопанска комора.
„Сега случам 28, па 80 компании, до 700 луѓе. Тој што стигнал до 700 луѓе значи веќе едуцирал менаџмент, едуцурал кадар, не ми одговара во концептот на владата која преку роуд шоута не претставува со држава со висок интелектуален потенцијал.“
И за економските експерти намерата на Владата да ангажира странски стручњаци кои во домашните компании би требало да пристигнат на почетокот на февруари е за поздравување. Во однос на другите владини проекти кои се финансираат со јавни пари, овој е веројатно најдобриот, вели универзитетскиот професор Биљал Касами.
Дали во овој дел владата навистина ќе ангажира експерти кои ќе имаат што да им кажат на нашите компании.Биљал Касами, универзитетски професор.