Достапни линкови

За компаниите се уште рано да излезат на берза


Обраќање на премиерот Никола Груевски пред бизнис заедницата во Скопје..
Обраќање на премиерот Никола Груевски пред бизнис заедницата во Скопје..

Познавачите велат дека компаниите се плашат дека со тоа ќе ја изгубат контролата врз управувањето, надзорот и работењето. Некои бизнисмени ја подржуваат идејата за преобразба во акционерски друштва, но засега само како размислување.

Компаниите сметаат дека во Македонија се уште е рано да излезат на берза и на тој начин да дојдат до свеж капитал. Бизнисмените кои функционираат како друштва со ограничена одговорност и натаму не се одлучуваат да се трансформираат во акционерски друштва. Познавачите велат дека компаниите се плашат дека со тоа ќе ја изгубат контролата врз управувањето, надзорот и работењето. Некои бизнисмени ја подржуваат идејата за преобразба во акционерски друштва, но засега само како размислување.
Ги разгледуваме тие опции дали да преминеме во АД, се уште сме во фаза на разгледување на придобивките и негативностите од тоа, се разбира иднината е во котирањето на самата берза, меѓутоа сметаме дека е уште малку рано.
Јован Дабевски, стопанственик.

Јован Дабевски, претставник од млечната индустрија, коментира дека тоа ќе влијае на подобрување на ефектот на работењето и конкурентноста, но нагласува дека за да излезат на берза самите компании треба да бидат реформирани и нивниот начин на работење да биде усогласен со пазарот на капитал.

„Ги разгледуваме тие опции дали да преминеме во АД, се уште сме во фаза на разгледување на придобивките и негативностите од тоа, се разбира иднината е во котирањето на самата берза, меѓутоа сметаме дека е уште малку рано.“

Ова е ставот на дел од бизнисмените откако Комисијата за хартии од вредност ги повика друштвата со ограничена одговорност да се преобразат во акционерски друштва и да излезат на берза. Целта е компаниите да работат транспарентно и да применуваат принципи на
Мислам дека не се во корелација владата со компаниите по тоа прашање и дека веројатно компаниите имаат некакви други проблеми кои државата нема слух или не може да ги разбере, па од тука се провлекува и тој проблем со котирање на берзата.
Горан Дамчевски, претставник на компанија за консалтинг.
кооперативно управување. Некои работодавачи велат дека вклучувањето на берзата е позитивно, но тие не се уверени дека бизнис климата во државата им гарантира бенефит што пак би иницирало и нивно излегување на пазарот на капитал.

„Сега со оглед каква е состојбата со стопанството во Македонија, тоа е друга работа, друга проблематика, тоа треба подетално да се опсервира не е така едноставно. Мислам дека не се во корелација владата со компаниите по тоа прашање и дека веројатно компаниите имаат некакви други проблеми кои државата нема слух или не може да ги разбере, па од тука се провлекува и тој проблем со котирање на берзата“, истакна Горан Дамчевски претставник на компанија за консалтинг.

Во Македонија каде деновиве Комисијата испрати порака до компаниите овој процес на вклучување и на тој начин да дојдат до свеж капитал кај некои воопшто не предизвикува интерес.

Има и многу бизнисмени кои воопшто не размислуваат да излезат на пазарот на капитал и на тој начин да дојдат до свеж капитал.

„Мислам дека се уште е слаба заинтересираноста кај нас во Македонија за берзата“, изјави Сашо Мартиновски, претставник на живинарската индустрија.

Од комисијата за хартии од вредност деновиве порачаа дека со трансформирањето во акционерски друштва и емитувањето акции компаниите полесно и побрзо ќе дојдат до потребните финансиски средства за остварување на нивните бизнис проекти. Некои од компаниите меѓутоа имаат согледувања дека трансформацијата во АД ќе им ги наруши односите внатре и дека ќе се отворат премногу. Има и такви кои проблемот го гледаат и во банките. Во светот излегувањето на компаниите на берза е вообичаен начин на работа.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG