Иако без големи промени, стопанската клима во Прилеп бележи мали позитивни придвижувања. Сопствениците на некои фирми, преземаат активности за проширување на своите бизниси, а со тоа и ангажирање на нова работна сила. Инвестираат и домашните и странските инвеститори. Оценките за бизнис климата не се најдобри, но сепак бизнисмените велат дека нештата, иако споро, се движат напред.
Според сопственикот на единствената конфекција во Прилеп, Хатра, која работи исклучиво сопствено производство, детска конфекција, има услови за водење бизнис, и отворање на нови фирми, но инвеститорите треба да направат истражувања и да оценат што му недостига на македонскиот пазар.
„Треба и помош инвестициски од страна на меѓународна банка за поддршка на развојот, со услови поволни, поволен кредит. Меѓутоа сопствено производство на производ сопствен којшто треба да се пласира на пазарот е голем ризик, одеднаш да се влезе во една таква кредитна инвестицијата, не ризикуваме, не особено во овие тешки економски услови на стопанисување, не само кај нас и надвор, затоа ние одиме многу претпазливо“, оценува Благоја Конески, сопственик на конфекцијата Хатра.
Од друга страна, еден од најголемите прилепски и македонски инвеститори воопшто од редот на иселениците, со преку 8 милиони долари, Ѓоргија Џорџ Атанасоски смета дека најголем проблем во водењето на бизнис е поврзаноста на бизнисмените со владеачките структури. Според него, бизнисот за да биде успешен, треба да биде оддвоен од власта, а
државата преку своите механизми треба да го контролира и поттикнува стопанството.
„И во бизнис проектите треба тука многу промени, тие бизнис пречки не ми дозволија да разгледувам и во други проекти, затоа што ако еден проект не е 100 проценти завршен, многу е потешко да одиш и на друг. Тука условите не се уште онакви какви што треба да бидат, посебни. Овде државата е смешана во многу работи и на бизнисот не му дава таков голем простор и оние бизнисмени да се докажат, тоа е еден од проблемите“, вели Атанасоски, кој живее и работи на Флорида, но вложува во Македонија.
За стимулирање на сопственото производство, според други бизнисмени, треба помош од државата, а не со пречести инспекциски контроли кои резултираат со казни по секоја цена, да се дестимулира стопанската активност. Во Прилеп има многу бизнисмени кои се крајно незадоволни од високите казни, кои се револтирани на, како што велат, инспекциското чешлање на фирмите, но тие одбиваат да говорат јавно. Велат не сакаат дури ни да се пофалат и кога имаат намера да вработуваат, одбиваат и да се рекламираат, зашто тврдат дека инспекциите веднаш ќе им тропнат на врата, а казните се неизбежни.
Но, во Прилеп има и странски, грчки инвеститори кои тврдат дека и покрај редовните контроли, на компанијата не и се изречени казни. Велат дека се премногу внимателни и строго ги почитуваат законските регулативи во државата, и забележуваат дека наспроти нив има фирми на домашни инвеститори, кои и покрај аномалиите, остануваат несанкционирани.
Треба и помош инвестициски од страна на меѓународна банка за поддршка на развојот, со услови поволни, поволен кредит. Меѓутоа сопствено производство на производ сопствен којшто треба да се пласира на пазарот е голем ризик, одеднаш да се влезе во една таква кредитна инвестицијата, не ризикуваме, не особено во овие тешки економски услови на стопанисување, не само кај нас и надвор, затоа ние одиме многу претпазливо.Благоја Конески, сопственик на конфекцијата Хатра.
Според сопственикот на единствената конфекција во Прилеп, Хатра, која работи исклучиво сопствено производство, детска конфекција, има услови за водење бизнис, и отворање на нови фирми, но инвеститорите треба да направат истражувања и да оценат што му недостига на македонскиот пазар.
„Треба и помош инвестициски од страна на меѓународна банка за поддршка на развојот, со услови поволни, поволен кредит. Меѓутоа сопствено производство на производ сопствен којшто треба да се пласира на пазарот е голем ризик, одеднаш да се влезе во една таква кредитна инвестицијата, не ризикуваме, не особено во овие тешки економски услови на стопанисување, не само кај нас и надвор, затоа ние одиме многу претпазливо“, оценува Благоја Конески, сопственик на конфекцијата Хатра.
Од друга страна, еден од најголемите прилепски и македонски инвеститори воопшто од редот на иселениците, со преку 8 милиони долари, Ѓоргија Џорџ Атанасоски смета дека најголем проблем во водењето на бизнис е поврзаноста на бизнисмените со владеачките структури. Според него, бизнисот за да биде успешен, треба да биде оддвоен од власта, а
Овде државата е смешана во многу работи и на бизнисот не му дава таков голем простор и оние бизнисмени да се докажат, тоа е еден од проблемите.Ѓоргија Џорџ Атанасоски, македонски иселеник кој инвестира во Македонија.