Достапни линкови

Тутутнски комбинат по 7 години со одблокирана сметка


Директорот на Тутунски комбинат Прилеп Александар Дерменџиев и директорот на Царинска Управа, Ванчо Каргов.
Директорот на Тутунски комбинат Прилеп Александар Дерменџиев и директорот на Царинска Управа, Ванчо Каргов.

Тутунски Комбинат се подготвува за потпишување на договор со американската тобако компанија Филип Морис. Директорот Александар Дерменџиев вели дека фирмата прв пат работи нормално.

Во рамки на подготовките на Тутунски Комбинат за потпишување на стратегискиот договор со американската тобако компанија Филип Морис, што ќе значи конечно решавање на проблемите на овој загубар, прв пат по 7 години е одблокирана сметката. Како што вели директорот Александар Дерменџиев прв пат фирмата работи нормално, бидејќи конечно се намирени обврските кон УЈП преку Законот за конверзија, а репрограмирани се долговите кон Јавното претпријатие за станбен и деловен простор за период од 10 години.
Морам да кажам дека одблокирањето доаѓа во вистински момент во светло на она што треба да се случи со стратегиското партнерство со Филип Морис.
Александар Дерменџиев, директор на Тутунски Комбинат Прилеп.

„Морам да кажам дека одблокирањето доаѓа во вистински момент во светло на она што треба да се случи со стратегиското партнерство со Филип Морис, бидејќи е неопходен предуслов за да тоа да се случи. Ни испратија драфт верзија од главниот договор и во моментов го услогласуваме “, изјави Дерменџиев.

Од друга страна откако Собранието ја усвои примената на Законот за акцизи во јуни, со цел усогласување на македонската со европската регулатива, со првиот бран на поскапување на ефтините цигари на домашниот пазар, и Тутунски Комбинат ги коригира цените за околу 5 денари.
Меморандумот конкретно значи дека разменуваме информации за состојбата на пазарот и перцепцијата за црни цигари на пазарот и евентуално за начините од каде и како доаѓаат во Република Македонија.
Ванчо Каргов, директор на Царинска Управа.

„Последните неколку месеци имаме пад на продажбата, којшто ќе ни го намали резултатот од претходниот дел од годината. Добро е што во меѓувреме и другите компании почнаа да ги зголемуваат цените, што беше и очекувано и само прашање на време беше кога ќе се случи тоа, па очекуваме дека со тоа ќе се нормализира продажбата“, додава Дерменџиев.

Повисоките цени на цигарите на пазарот, според прогнозите на Дерменџиев ќе предизвикаат турбуленции и постои можност за пораст на црниот пазар. Но, во насока на превенирање, на спречување и сестрана борба и на државните институции и со цел заштита на сопственото производство, оваа фирма потпиша Меморандум за соработка со Царинската управа на Македонија.

„Меморандумот конкретно значи дека разменуваме информации за состојбата на пазарот и перцепцијата за црни цигари на пазарот и евентуално за начините од каде и како доаѓаат во Република Македонија. И истовремено одржување на обуки за распознавање на цигарите и начините на кои може да се произведат незаконски“, истакна директорот на Царинска Управа, Ванчо Каргов.

Инаку, црната трговија со тутун и тутунски производи според проценките на приватните компании учествува со 4% во вкупната потрошувачка на цигари, а пред неколку години овој процент достигнувал до 25 отсто. Тоа значи, како што вели Каргов, значително намалување на состојбата во оваа област, бидејќи Македонија, како држава со најниски давачки во регионот, не е толку интересна за шверц на цигари.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG