Земјата напредува кон тоа да стане функционална пазарна економија, но сепак треба да биде способна да се справи со конкуренцијата и пазарните сили во рамките на Унијата, се вели во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на нашата земја. Иако посочуваат дека над 50 проценти од македонскиот извоз оди на европскиот пазар, а нашите производи добро се продаваат, од Сојузот на стопански комори го истакнуваат фактот дека македонската економија е една од најслабите и најсиромашни во Европа.
„Единствена стратегија за развој на македонската економија и најдобар начин е ние да се интегрираме во економската заедница и да ја трансформираме нашата економија во економија која ќе биде конкурентна за тие пазари“, вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.
Според економскиот аналитичар Висар Адеми, она што ја прави нашата економија недоволно подготвена за светските пазари е немањето нови идеи и иновации кај македонските претприемачи. Ние се уште немаме доволно конкурентна економија, истакнува Адеми.
„Иновациите се многу важен дел за македонската економија и тука владата треба да направи многу за да поттикне нови претприемачки идеи за да се интегрира додадена вредност во нашата економија. Ние се уште имаме компании кои се креираат преку ноќ за да можат да конкурираат на тендери кои ги дава државата.“
Мора да најдеме начин да ја развиваме економијата, доколку сакаме да бидеме конкурентни на европскиот пазар, се согласува и Чекреџи. Еден од начините, според него, е да се зголеми бруто домашниот производ.
„Мора да најдеме начин како Бруто националниот доход да го зголемиме над 6 проценти годишно и на тој начин во еден среднорочен период би почнале да ја престигнуваме развиеноста на Европската унија, инаку ние длабоко заостануваме зад таа економија.“
Не можете да освоите индиски или американски пазар, пред да го освоите соседството, посочува Адеми. И структурата и културата на државите во регионот се слични на нашата економија и овде имаме компаративна предност со производи кои тие ги немаат, вели Адеми.
„Пред да го освоиме регионалниот пазар не можеме да кажеме дека ќе имаме успех на европски или на светски пазар, ние мора да направиме уште, да имаме добра компанија која прво ќе извезува на регионално ниво, значи таа компанија ќе мора толку добро да се развие за да стане глобален тренд.“
Во извештајот меѓудругото се наведува дека економската активност стагнирала во 2012 година, но веќе на почетокот од 2013 година повторно тргнала напред. Констатирани се и зголемувања на трговскиот дефицит и јавниот долг, иако се истакнува дека макроекономската стабилност била сочувана.
Мора да најдеме начин како Бруто националниот доход да го зголемиме над 6 проценти годишно и на тој начин во еден среднорочен период би почнале да ја престигнуваме развиеноста на Европската унија, инаку ние длабоко заостануваме зад таа економија.Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.
„Единствена стратегија за развој на македонската економија и најдобар начин е ние да се интегрираме во економската заедница и да ја трансформираме нашата економија во економија која ќе биде конкурентна за тие пазари“, вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.
Според економскиот аналитичар Висар Адеми, она што ја прави нашата економија недоволно подготвена за светските пазари е немањето нови идеи и иновации кај македонските претприемачи. Ние се уште немаме доволно конкурентна економија, истакнува Адеми.
„Иновациите се многу важен дел за македонската економија и тука владата треба да направи многу за да поттикне нови претприемачки идеи за да се интегрира додадена вредност во нашата економија. Ние се уште имаме компании кои се креираат преку ноќ за да можат да конкурираат на тендери кои ги дава државата.“
Пред да го освоиме регионалниот пазар не можеме да кажеме дека ќе имаме успех на европски или на светски пазар, ние мора да направиме уште, да имаме добра компанија која прво ќе извезува на регионално ниво, значи таа компанија ќе мора толку добро да се развие за да стане глобален тренд.Висар Адеми, економски аналитичар.