Достапни линкови

Сите коструктивни, спорот за името во место


Хајд Парк - Името или ЕУ?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Европската комисија во новиот извештај за напредокот на Македонија бара брзо решавање на спорот со името со Грција. Ги прашавме граѓаните дали се за изнаоѓање на компромисно решение, односно промена на името, со цел влез во ЕУ?

Македонските власти остануваат на ставот дека се конструктивни во спорот со Грција за името. Нимиц закажува разговори, а граѓаните поделени околу тоа дали името треба да се смени за да може земјава да се интегрира во ЕУ и НАТО.

Македонските власти остануваат на ставот дека се конструктивни во однос на спорот со Грција за името, откако ЕУ повикува што е можно побрзо да се реши спорот, а посредникот Метју Нимиц свика нова средба со преговарачите. По извештајот на ЕК за напредокот на земјата кон Унијата, премиерот Никола Груевски изјави дека Македонија сака што поскоро спорот да се реши, а патот до решение, според него, е преку владеење на правото и почитување на меѓународната правна рамка дефинирана од ОН и Меѓународниот суд на правдата. Тој вели дека отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Македонија може само да придонесе за унапредување на грчко-македонските односи и за надминување на разликите.
Тоа мора да биде решение кое ќе одговара на целиот народ, а не само на поединци.
Анкетиран граѓанин.

Но како размислуваат граѓаните за идејата името да се смени за да може земјава да се интегрира во ЕУ и НАТО.

„Не не се согласуваме името да се смени, а сум за влез во ЕУ и во НАТО.“
медијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц.
медијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц.

„Да ја сум за промена на името, поради тоа што сметам дека вака заостануваме некако.“

„Тоа мора да биде решение кое ќе одговара на целиот народ, а не само на поединци.“

„Не сум за промена на името со цел да влеземе во ЕУ, сакам да си остане името Македонија.“
Нека му мислат тие што треба да го решат, што да мислам јас.
Анкетиран граѓанин.

„Нека му мислат тие што треба да го решат, што да мислам јас“, тоа беа дел од мислењата на граѓаните анкетирани во рубриката Хајд Парк. Видеото можете да го погледнете на нашата интернет страница „slobodnaevropa.mk“ и да оставите ваш коментар.

Двете страни во спорот користат иста реторика дека нивната страна е конструктивна и рационална, а другата страна е непопустлива, но и двете страни се виновни, можеби не
премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Штефан Филе.
премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Штефан Филе.
подеднакво, но сносат одговорност што спорот е замрзнат со години, вели професор Стево Пендаровски. Тој додава дека нема не гледа поместување во преговорите.

„Јас тврдам и понатаму дека неколку години наназад не само во последните 7-8 месеци дека во тој спор буквално ништо не се случува, освен сликање на двете страни и на двата преговарачи кога ќе мораат со Нимиц.“

Еврокомесарот Штефан Филе презентирајќи го извештајот рече дека Скопје треба да процени што би значело да се постигне компромис во спорот за името и кои би биле последиците, ако не се постигне договор.

Посредникот во разговорите за спорот за името Метју Нимиц свика новата рунда разговори во Њујорк, за 24 и 25 октомври. На разговорите освен преговарачите Јолевски и Адамантиос Василакис ќе учествува и заменикот генерален секретар на Обединетите нации, Џефри Фелтман, соопштија до Канцеларијата на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG