Скопје трба да процени што би значело да се постигне компромис во спорот со името и кои се последиците ако не се постигне договор, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе на прес конференцијата во Брисел по објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија и другите земји кандидати за членство во Европската унија.
Нема да шпекулирам дали политичката криза која настана по 24 делември минатата година е директно или индиректно одговорна за застојот, но мора да се придвижите напред, губите време, изјави еврокомесарот и додаде:
„Граѓаните на поранешната југословенска Република Македонија губат многу време. Договорот од први март и неговата имплементација ме охрабрува во мислењето дека ако има политичка воља тогаш има и излезно решение. Сепак се надевам дека владата ќе се фокусира на уште едно прашање а тоа е отворање на обостран дијалог со новинарските здруженија. Се надевам и на конструктивност од страна на новинарите.“
Евроамбасадорот Аиво Орав исто така посочи дека во извештајот се повикува на поголемо почитување на слободата на изразување и подобрување на соработката со новинарите.
„Тоа значи дека се потребни реформи за владиното рекламирање. Постои потреба за намалување на притисокот врз новинарите и потребно е подобрување на професионалните стандарди на новинарите. Се наведуваат и билатералните прашања со соседните земји но посебно внимание е посветено на Грција и Бугарија. Значи оваа земја има постигнато многу во реформирањето на законите но сега клучниот термин е имплементација“ рече Орав.
Според евроамбасадорот, во забелешките за економија се наведува дека потребно е создавање на долготрајна стратегија за долгорочен и одржлив економски развој. Во извештајот исто така се нагласува потребата за покажување посветеност кон евроинтеграциите со активно и сериозно работење на забелешките кои се наведени во извештајот
„Тука се слободата на медиумите, владеењето на правото, политичкиот дијалог и подобрување на добрососедските односи. Петти пат се дава препорака за старт на преговорите и Комисијата повторно посочува дека со преговорите ќе се создадат услови за подобрување на добрососедските односи и за решавање на спорот со името. Препораката е тука и тоа е добра вест за земјава“ смета евроамбасадорот.
Остануваме целосно посветени и фокусирани на реформите за натамошно воведување на европските стандарди во македонското општество и на промоцијата на односи и соработка во регионот согласно европските принципи и вредности, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. „Односите со соседните земји - членки ни се особено важни. Патот до членство во Европската унија сакаме да го изодиме заедно, во соработка со нив и активно користејќи ги нивните искуства. Затоа предлагавме и ќе продолжиме да предлагаме конкретни проекти и активности за продлабочување на взаемната соработка и доверба“ рече Попоски. Според него, отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Македонија може само да придонесе за унапредување на грчко-македонските односи и за надминување на разликите.
Екс-министерот за надворешни работи и пратеник на владеачката партија Антонио Милошоски оцени дека извештајот на ЕК е петта морална победа на Македонија во однос на институционалните капацитите на земјата кои се докажани, но и веројатно пораз на кредибилитетот на политиката на проширувањето на ЕУ, бидејќи, според него, во декември може повторно да очекуваме вето од Грција.
Пратеникот на опозициската СДСМ Гордан Георгиев смета дека овој извештај е полош од претходниот, додавајки дека тоа се аргументира особено во судството каде што повторно се потенцира назадување во смисла на селективна правда, на политички притисок кон судството. Според пратеникот на опозицијата проблематични се и слободата на медиумите, борбата против корупцијата и организитаниот криминал.
НСДП смета дека ова е најлошиот извештај во изминатите пет години.
„Македонија доби нов услов воведување на тн. медиумска култура затоа што репутацијата на државата во делот на јакнењето на слободата на изразување и слободата на говорот е влошена“ рече пратеникот на опозициската партија Горан Мисовски.

Постои потреба за намалување на притисокот врз новинарите и потребно е подобрување на професионалните стандарди на новинаритеАиво Орав, евроамбасадор.