Политичката криза во Македонија предизвика прекумерна поларизација на политиката во земјата и недостиг на нормален политички дискурс. Тоа ја оттргна од можноста која и беше понудена во минатогодишниот пакет и заклучоци на Комисијата, рече еврокомесарот за проширување Штефан Филе во своето обраќање во Брисел.
„Генерално, реформите продолжија и европската агенда останува стратешки приоритет на земјата. Дијалогот на високо ниво е успешна алатка која ќе продолжи да се фокусира на клучните прашања, вклучувајќи ги исто така и добрососедските односи. Но, тој не може да ги замени пристапните преговори. Приоритет треба да биде ефективно спроведување и зајакнување на постоечките правни и политички рамки, потребно е поголемо внимание врз владеењето на правото и резултатите во борбата против организираниот криминал. Слободата на медиумите останува прашање кое загрижува“, изјави Филе.
Комисијата препорачува отпочнување на преговори по петти пат, но нема одлука за датум од страна на Советот, изјави Филе. Додаде дека неуспехот да се делува истовремено ги загрозуваат реформите во земјата но и кредибилитетот на политиката за проширување на Унијата.
„Комисијата останува подготвена да презентира предлог за преговарачка рамка без одлагање, земајќи ја предвид потребата да се реши спорот со името во рана фаза од пристапните преговори. Комисијата смета дека ако скринингот и дискусиите на Советот за преговарачката рамка почнат, би можел да се создаде потребниот моментум кој ќе поддржи пронаоѓање на решение за спорот за името, дури и пред да бидат отворени поглавјата за преговори“, изјави еврокомесарот.
Експертите во земјава сметаат дека, иако спорот за името е долгогодишен и повеќеслоен, сепак не е невозможно решение во блика иднина, доколку се има доволно политичка волја.
„Важно беше и е да докажеме дека има волја од наша страна тоа да се реши, што засега за жал тоа не е случај“, вели аналитичарот Рамадан Рамадани.
Во однос на намалените новинарски стандарди за кои забележува Комисијата, поранешниот претседател на Советот за радиодифузија Мирче Адамчевски смета дека има механизми со кои би се подобрила ситуацијата на тој план.
„Да се преземе одговорноста за етиката и за професионалноста во едно тело и таму да се решаваат сите етички и професионални проблеми“, вели Адамчевски.
Покрај овие забелешки, во најновиот извештај на Комисијата, Брисел ја критикува Македонија и за корупцијата и судството. Документот зборува и за настаните на 24 декември. Комисијата очекува целосно спроведување на мартовскиот договор.
Во извештајот за напредокот на Македонија, Комисијата констатира дека веќе 8 години нашата земја е кандидат за членство во ЕУ и дека препораката за почеток на преговори никако не успева да стане реалност.
Генерално, реформите продолжија и европската агенда останува стратешки приоритет на земјата. Дијалогот на високо ниво е успешна алатка која ќе продолжи да се фокусира на клучните прашања, вклучувајќи ги исто така и добрососедските односи. Но, тој не може да ги замени пристапните преговори. Приоритет треба да биде ефективно спроведување и зајакнување на постоечките правни и политички рамки, потребно е поголемо внимание врз владеењето на правото и резултатите во борбата против организираниот криминал. Слободата на медиумите останува прашање кое загрижува.Штефан Филе, еврокомесар за проширување.
„Генерално, реформите продолжија и европската агенда останува стратешки приоритет на земјата. Дијалогот на високо ниво е успешна алатка која ќе продолжи да се фокусира на клучните прашања, вклучувајќи ги исто така и добрососедските односи. Но, тој не може да ги замени пристапните преговори. Приоритет треба да биде ефективно спроведување и зајакнување на постоечките правни и политички рамки, потребно е поголемо внимание врз владеењето на правото и резултатите во борбата против организираниот криминал. Слободата на медиумите останува прашање кое загрижува“, изјави Филе.
Комисијата препорачува отпочнување на преговори по петти пат, но нема одлука за датум од страна на Советот, изјави Филе. Додаде дека неуспехот да се делува истовремено ги загрозуваат реформите во земјата но и кредибилитетот на политиката за проширување на Унијата.
„Комисијата останува подготвена да презентира предлог за преговарачка рамка без одлагање, земајќи ја предвид потребата да се реши спорот со името во рана фаза од пристапните преговори. Комисијата смета дека ако скринингот и дискусиите на Советот за преговарачката рамка почнат, би можел да се создаде потребниот моментум кој ќе поддржи пронаоѓање на решение за спорот за името, дури и пред да бидат отворени поглавјата за преговори“, изјави еврокомесарот.
Комисијата останува подготвена да презентира предлог за преговарачка рамка без одлагање, земајќи ја предвид потребата да се реши спорот со името во рана фаза од пристапните преговори.Штефан Филе, еврокомесар за проширување.