Осомничениот во случајот „Претседавач“ и претседател на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ е уапсен при слетувањето на аеродромот во Виена кога се обидувал да фати авионот за Скопје.
„Значи јас сум притворен на аеродромот во Виена, трчајќи да го фатам авионот за Скопје, бидејќи претходниот авион со којшто летав од Франкфурт до Виена доцнеше едно 20 минути, кратко беше растојанието и целиот распојасан од контролата што ни ја правеа, ни каишот ставен на панталони, трчам и на пасошка контрола пред да влезам во авион, велат Господине има потерница распишано по вас, мора да ве уапсиме. Добро, велам јас, трчам за накај дома, зошто мора да ме уапсите? Таква е процедурата, ми велат, досега кога ни даваат барања од Македонија до Интерпол има големо образложение, за вас само пишува - се бара, толку, ни зошто, ни како. Сакаат да ме малтретираат, сакаат да се изживуваат со мене... Се извинувам, морам да прекинам, полицаецот дојде“, ни рече Шиповиќ во краткиот телефонски разговор.
Опозицијата најави протести поради апсењето на Шиповиќ, а власта вели дека пред законот сите се исти. Судските процеси како овој на Шиповиќ, велат експертите, се почесто се користат за политички цели и тоа говори колку државата ни е болна, велат експертите. Случаите како Шпион, Претседавач, Ликвидација се низата примери во кои задоволувањето на правдата стана второстепена цел на сметка на препукувањата на власта и опозицијата за тоа дали апсењата се или не политички мотивирани.
Поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски вели дека не е за изненадување што политичките партии вршат влијание врз работата на судството, кое честопати ги надминува црвените линии.
„Судството во такви услови, кога е атакувано од егзикутивата, кога е атакувано од власта и од опозицијата, самото, за жал, не знае да се снајде, ниту пак може да се снајде. Начинот за излез од таквата состојба, од таквата криза, судството како да се предаде и како да го гледа на начин да се приклонува кон власта, почнува да ја брани, почнува да ја слуша, ако не ја слуша директно, ја слуша молкум преку пресудувањето.“
Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска вели дека мешањето на политиката во судството не само што е штетно, туку и врши влијание врз независноста и непристрасноста во работењето на институцијата. Според Николовска оваа појава е одамна детектирана.
„Дека врши влијание, секако врши влијание, дека постојано таквото зборување, дури и самите судии во неколку наврати се имаат произнесено, зборувам за поранешне период, дека тој притисок го чувствуваат.“
Според Ивановски тешко дека судството наскоро ќе успее да излезе од скутот на власта, која е одговорна да ги промени состојбите.
Значи јас сум притворен на аеродромот во Виена, трчајќи да го фатам авионот за Скопје, бидејќи претходниот авион со кој летав од Франкфурт до Виена доцнеше едно 20 минути, кратко беше растојанието и целиот распојасан од контролата што ни ја правеа, ни каишот ставен на панталони, трчам и на пасошка контрола пред да влезам во aвион, велат Господине има потерница распишано по вас, мора да ве уапсиме. Добро, велам јас, трчам за накај дома, зошто мора да ме уапсите? Таква е процедурата, ми велат, досега кога ни даваат барања од Македонија до Интерпол имаа големо образложени, за вас само пишува - се бара, толку, ни зошто, ни како. Сакаат да ме малтретираат, сакаат да се изживуваат со мене... Се извинувам, морам да прекинам, полицаецот дојде.Мирослав Шиповиќ, претседател на Советот на општина Центар.
„Значи јас сум притворен на аеродромот во Виена, трчајќи да го фатам авионот за Скопје, бидејќи претходниот авион со којшто летав од Франкфурт до Виена доцнеше едно 20 минути, кратко беше растојанието и целиот распојасан од контролата што ни ја правеа, ни каишот ставен на панталони, трчам и на пасошка контрола пред да влезам во авион, велат Господине има потерница распишано по вас, мора да ве уапсиме. Добро, велам јас, трчам за накај дома, зошто мора да ме уапсите? Таква е процедурата, ми велат, досега кога ни даваат барања од Македонија до Интерпол има големо образложение, за вас само пишува - се бара, толку, ни зошто, ни како. Сакаат да ме малтретираат, сакаат да се изживуваат со мене... Се извинувам, морам да прекинам, полицаецот дојде“, ни рече Шиповиќ во краткиот телефонски разговор.
Опозицијата најави протести поради апсењето на Шиповиќ, а власта вели дека пред законот сите се исти. Судските процеси како овој на Шиповиќ, велат експертите, се почесто се користат за политички цели и тоа говори колку државата ни е болна, велат експертите. Случаите како Шпион, Претседавач, Ликвидација се низата примери во кои задоволувањето на правдата стана второстепена цел на сметка на препукувањата на власта и опозицијата за тоа дали апсењата се или не политички мотивирани.
Поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски вели дека не е за изненадување што политичките партии вршат влијание врз работата на судството, кое честопати ги надминува црвените линии.
Судството во такви услови, кога е атакувано од егзикутивата, кога е атакувано од власта и од опозицијата, самото, за жал, не знае да се снајде, ниту пак може да се снајде.Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставен суд.