ЕУ претставува најуспешен актуелен мировен проект. Обединувањето на Европа не е возможно без Македонија и Балканот кои се нејзин составен дел. Но, Македонија сè уште е надвор од ЕУ и НАТО. Не сме членка на ЕУ и покрај тоа што Македонија четири пати доби препорака за започнување на преговорите за полноправно членство, а во 2008 беше одложена и поканата за членството во НАТО, иако ги исполнивме сите услови, порача премиерот Никола Груевски на мировниот самит во Новиот театар во Скопје во рамки на Сахара балканскиот мировен фестивал.
„Блокадата наметната од нашиот јужен сосед како резултат за ирационалниот спор за името на нашата држава не кореспондира со декларираните заложби за интеграција и просперитет на овој дел од Европа. Она што можеби е неопходно за придвижување на Република Македонија на планот на евроатлантската интеграција е поголемо лидерство од страна на европските и светски државници во насока на обезбедување на еднаков и правичен пристап за нашата држава во интеграциските процеси“, рече Груевски.
Тој рече дека живееме во време кога мирот е нарушен во многу делови од светот.
„Многу општества и денес се наоѓаат во длабока криза, криза на етиката, цивилизациски падови и искривени вредности кои раѓаат бројни насилства од кои се згрозува секој нормален човек. Погледнете ја кризата на Блискиот Исток, насилствата во Сирија, насилствата во Египет, последните случувања во Нигерија. Колку и од далеку да доаѓаат вакви случувања, вознемиреноста на луѓето и стравот од прелевање на насилствата е присутен насекаде низ светот, но тоа не треба да не поколеба, тоа не значи дека треба да се откажеме, ниту, пак, да подзастанеме. На луѓето коишто се вклучени во овие конфликти им е потребна помош. Таму каде што владее оружјето, не може да владее разумот“, рече Груевски.
Груевски се потсети и на пораките на Мајка Тереза и Махатма Ганди за мирот и толеранцијата, кои сите треба да ги шират низ светот.
Поранешниот британски премиер Тони Блер, кој имаше свое обраќање на самитот, порача дека Балканот во минатото бил синоним за конфликт, но денес работите се промениле.
„Тука денес во Македонија, во оваа сега слободна, независна и суверена држава, оваа држава не е повеќе симбол на балканскиот проблем, туку е симбол на балканското решение“, рече Блер.
На Самитот присуствуваа еминентни личности од македонската, балканската и меѓународната сцена. Пред самитот се одржа Конклава на мирот каде претставници на невладините организации дебатираа на темата „Мирот денес и како да го постигнеме“. Фестивалот беше организиран од Сахара групацијата на индискиот бизнисмен Субрата Рој по повод одбележувањето на роденденот на Махатма Ганди и на Меѓународниот ден против насилството.
Блокадата наметната од нашиот јужен сосед како резултат за ирационалниот спор за името на нашата држава не кореспондира со декларираните заложби за интеграција и просперитет на овој дел од Европа. Она што можеби е неопходно за придвижување на Република Македонија на планот на евроатлантската интеграција е поголемо лидерство од страна на европските и светски државници во насока на обезбедување на еднаков и правичен пристап за нашата држава во интеграциските процеси.Никола Груевски, премиер на Македонија.
„Блокадата наметната од нашиот јужен сосед како резултат за ирационалниот спор за името на нашата држава не кореспондира со декларираните заложби за интеграција и просперитет на овој дел од Европа. Она што можеби е неопходно за придвижување на Република Македонија на планот на евроатлантската интеграција е поголемо лидерство од страна на европските и светски државници во насока на обезбедување на еднаков и правичен пристап за нашата држава во интеграциските процеси“, рече Груевски.
Тој рече дека живееме во време кога мирот е нарушен во многу делови од светот.
Тука денес во Македонија, во оваа сега слободна, независна и суверена држава, оваа држава не е повеќе симбол на балканскиот проблем, туку е симбол на балканското решение.Тони Блер, поранешен премиер на Велика Британија.