Достапни линкови

Археологијата ја одложува инвестицијата на Субрата Рој?


Macedonia - Indian businessman Subrata Roy meeting with the Minister of Finance Zoran Stavreski, 23Jan2013
Macedonia - Indian businessman Subrata Roy meeting with the Minister of Finance Zoran Stavreski, 23Jan2013

Охридскиот музеј ќе врши археолошки истражувања во Љубаништа, со што може да се одолговлечи реализацијата на помпезно најавуваната инвестицијата на индискиот милијардер Субрата Рој.

Дали археолошките истражувања кои Охридскиот музеј сака да ги врши во Љубаништа ќе ја одолговлечат реализацијата на помпезно најавуваната инвестицијата од страна на владата на индискиот милијардер Субрата Рој? На ова прашање за сега нема одговор.
Средновековни градби се тие. Кога ќе ископаме, ќе видиме што ќе излезе. Тие некогаш се евидентирани и лоцирани на просторот, но не се доистражени. Има само остатоци, но не знаеме што точно има таму. Затоа инсистиравме прво да копаме и да ги евидентираме и документираме точно градбите. Дури потоа да се отпочне со урбанизација, па со градба.
Тања Паскали Бунташевска, директорка на охридскиот музеј.

Директорката на музејот Тања Паскали Бунташевска потврди дека во Љубанишко поле ќе се вршат систематски археолошки истражувања и оти се чека само на пари од страна на Министерството за култура и дозвола од Управата за заштита на културното наследство. Во моментот се расчистува теренот, а Бунташевска вели дека треба и двата локалитети, Раица манастириште и црквата Света Богородица, да се ископаат за да се утврдат нивните точни граници.

„Средновековни градби се тие. Кога ќе ископаме, ќе видиме што ќе излезе. Тие некогаш се евидентирани и лоцирани на просторот, но не се доистражени. Има само остатоци, но не знаеме што точно има таму. Затоа инсистиравме прво да копаме и да ги евидентираме и документираме точно градбите. Дури потоа да се отпочне со урбанизација, па со градба“, вели Бунташевска.
Координативната група која е формирана во Владата на Македонија континуирани ги разгледува сите аспекти на инвестицијата на Субрата Рој. Оној одговор со кој ние располагаме е дека Завод и музеј ќе врши истражувања, но во моментот немам податок дека тоа значи одлагање на реализацијата на проектот. Јас мислам дека тоа нема да доведе до одлагање на проектот, туку проектот ќе се одвива согласно утврдената динамика.
Димитар Спасевски, секретар во општина Охрид.

Ја запрашавме Бунташевска дали отпочнувањето на тие археолошки испитувања ќе ја одолговлечи реализација на инвестицијата на Субрата Рој.

„Ова е законски што мора да се направи без разлика дали ќе го одолговлечи или не. Процедурата мора да биде запазена и ние мора да работиме по закон“, рече Бунташевска.

Градските власти во Охрид не очекуваат дека ископувањата ќе значат одолговлекување на реализацијата на проектот кој беше дел и од изборната програма на владејачката партија.

Димитар Спасевски, секретар во општина Охрид вели:

„Координативната група која е формирана во Владата на Македонија континуирани ги разгледува сите аспекти на инвестицијата на Субрата Рој. Оној одговор со кој ние располагаме е дека Завод и музеј ќе врши истражувања, но во моментот немам податок дека тоа значи одлагање на реализацијата на проектот. Јас мислам дека тоа нема да доведе до одлагање на проектот, туку проектот ќе се одвива согласно утврдената динамика“, рече Спасевски.

Претседателот на Месната заедница во Љубаништа, Драган Пероски рече дека испратиле барање до Охридскиот музеј да утврдат што точно крие тој простор.

„Мислиме дека таму има стари објекти, стари цркви, па да се провери и да се заштитат. Да се направи истражување на местото да видиме дали е локалитет, дали е од историска важност и да остане како такво. Сметате ли дека ако се појават тие стари цркви треба да се дозволи на тој простор да се гради комплексот? Не би требало. Целата работа е околу тоа. Ако е наша христијанска црква треба да остане и да биде христијанско.

РСЕ: Какви се размислувањата кај вас во селото околу изградбата на комплексот на Индиецот?

„Седумдесет отсто против тоа“, рече Пероски.



,
XS
SM
MD
LG