Достапни линкови

Ставрески сее, Субрата ќе жнее


Во услови на можна трговска војна со соседна Србија и проблематизирање на откупните цени на земјоделските култури, на големо се најавува инвестицијата од „Сахара Груп“ на чело со бизнисменот Субрата Рој во агрокомбинатот Џумајлија со која треба да се вработат 2.000 лица.

Случајно или не, најавите за инвестиции во банкротираниот агрокомбинат Џумајлија се случуваат по барањето од власта за предвремени избори, велат дел од стопанствениците. Владата во повеќе наврати ги потенцира најавените инвестиции. Во услови на можна трговска војна со соседна Србија и проблематизирање на откупните цени на земјоделските култури, на големо се најавува инвестицијата од „Сахара Груп“ на чело со бизнисменот Субрата Рој со која треба да се вработат 2.000 лица. Земјоделците, пак, велат дека проектот е остварлив, имајќи ги предвид големите банкарски гаранции.
И пред сè, не случајно се зборува за Џумајлија. Се знае дека поголемото гласачко тело во Македонија го сочинуваат луѓе од земјоделската сфера. И повторно, пак ќе кажам, не случајно токму сега, кога се зборува за некои предвремени избори, доаѓа човек кој што наводно ќе инвестира во земјоделието и ќе помага во развојот.
Арбенд Халили, Стопанска комора на северозападна Македонија.

Арбенд Халили од Стопанската комора на северозападна Македонија вели дека најавите дека „Сахара Груп“ ќе инвестира 200 милиони евра се најверојатно обид за зачувување на рејтингот.

„И пред сè, не случајно се зборува за Џумајлија. Се знае дека поголемото гласачко тело во Македонија го сочинуваат луѓе од земјоделската сфера. И повторно, пак ќе кажам, не случајно токму сега, кога се зборува за некои предвремени избори, доаѓа човек кој што наводно ќе инвестира во земјоделието и ќе помага во развојот“, вели Халили.

Постои ризик најавените инвестиции да се претворат во празен обид на власта, вели Халили.
И никој не сака да дава гаранции ако не мисли ветеното да го оствари. Веруваме дека истиот комбинат ќе биде многу поуспешен затоа што досега во комбинатот имаше околу 300 вработени, а сега ќе има околу 2.000.
Ефтим Шаклев, Асоцијацијата на земјоделци.

„Бидејќи од човекот кој во неговата земја се познава по некои криминални дејствија, не може да се очекува да направи нешто паметно или добро во нашата земја. Ќе видиме, времето ќе покаже што ќе се случи, но реалната ситуација за која се пишува на големо укажува дека не би можело да се случи нешто добро“, вели тој.

Веруваме дека проектот ќе биде успешен бидејќи индиската фирма дава сериозни гаранции, вели Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци.

„И никој не сака да дава гаранции ако не мисли ветеното да го оствари. Веруваме дека истиот комбинат ќе биде многу поуспешен затоа што досега во комбинатот имаше околу 300 вработени, а сега ќе има околу 2.000. Досега во Џумајлија имаше околу 600 крави, а сега треба да има околу 20.000. И да бидат 10.000 крави, тоа е многу подобро од до сега“, вели Шаклев.

„Сахара груп“ го доби земјоделското земјиште во пропаднатиот агрокомбинат на концесија од 15 години со можност за продолжување, а закупот што треба да го плаќа годишно е 121.000 евра. Пред да прогласи банкрот во 2011 година, агрокомбинатот годишно произведуваше над 20.000 тони житни и фуражни култури.
XS
SM
MD
LG