Достапни линкови

Половина синдикати од ССМ репрезентативни, другите чекаат


Архивска фотографија: Претседателот на ССМ Живко Митревски.
Архивска фотографија: Претседателот на ССМ Живко Митревски.

Очекуваме на наредната седница на Комисијата за утврдување репрезентативност, во која членуваат претставници на Министерството за труд и социјала, на работодавачите и на синдикатите, и други синдикати, меѓу кои и Синдикатот на УПОЗ и тој за хемија, метали и неметали, да добијат решенија за репрезентативност, вели претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Девет од вкупно 18 синдикати при ССМ добија решенија за репрезентативност. Зошто само половина синдикати, како се станува репрезентативен и што фајде од тоа?
Не станува збор за никаква блискост. Станува збор за исполнување на критериуми за определување на репрезентативност коишто се утврдени во рамките на Законот за работни односи. Тие критериуми се демократски определени, за тие критериуми разговарале синдикатите и дале согласност на тој начин да бидат дефинирани во Законот за работни односи.
Живко Митревски, претседател на ССМ.

Решенија за репрезентативност добија Синдикатот за угостителство и туризам, Полицискиот синдикат, Синдикатите за енергетика и стопанство, за одбрана, Синдикатот од агроиндустрискиот комплекс, градежниот, текстилниот, шумарскиот и Синдикатот за здравство. Засега не се репрезентативни Синдикатот на финансиските дејности, СИЕР, Мултиетничкиот синдикат за образование, Синдикатот на УПОЗ, за хемија, метали и неметали, Синдикатот на Македонски телекомуникации, на трговија, ГИФИХ и Синдикатот за сообраќај и врски.

Не сме барале, затоа што немаме партнери од страна на работодавачите, како организација на работодавачи од дејностите металургија, металопреработувачи, рударство итн., а ако не можеме да преговараме, тогаш што би ни значела репрезентативноста на хартија. Главната причина зошто СИЕР не е во тие што ги објавија е тоа што ние не сме побарале, а не сме побарале затоа што таа репрезентативност не ни значи ништо ако немаме партнер за преговори за колективен договор.
Пеце Ристески, претседател на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство.
Претседателот на ССМ Живко Митревски вели дека синдикатите што имаат репрезентативност се легитимираат како социјален партнер за водење на социјалниот дијалог и потпишување колективен договор. Митревски очекува, освен овие девет, репрезентативност наскоро да добијат уште неколку синдикати од ССМ, кои го довршуваат собирањето на потребната документација. Очекуваме на наредната седница на Комисијата за утврдување репрезентативност, во која членуваат претставници на Министерството за труд и социјала, на работодавачите и на синдикатите, и други синдикати, меѓу кои и Синдикатот на УПОЗ и тој за хемија, метали и неметали, да добијат решенија за репрезентативност, вели тој и додава дека некои синдикати, како Мултиетничкиот синдикат за образование, не ги исполнуваат условите за репрезентативност.

Митревски ги негира критиките што се појавија во јавноста дека репрезентативност добиле само синдикатите што се по ќеф на власта или блиски до неа.

„Не станува збор за никаква блискост. Станува збор за исполнување на критериуми за определување на репрезентативност коишто се утврдени во рамките на Законот за работни односи. Тие критериуми се демократски определени, за тие критериуми разговарале синдикатите и дале согласност на тој начин да бидат дефинирани во Законот за работни односи“, вели Митревски.

Претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство(СИЕР), Пеце Ристески, вели дека тие ги исполнуваат условите за репрезентативност, но оти воопшто не побарале решение.

„Не сме барале, затоа што немаме партнери од страна на работодавачите, како организација на работодавачи од дејностите металургија, металопреработувачи, рударство итн., а ако не можеме да преговараме, тогаш што би ни значела репрезентативноста на хартија. Главната причина зошто СИЕР не е во тие што ги објавија е тоа што ние не сме побарале, а не сме побарале затоа што таа репрезентативност не ни значи ништо ако немаме партнер за преговори за колективен договор“, вели Ристески.

Со измените на законот за работни односи репрезентативноста на синдикатите се утврдува на секои 3 години. За репрезентативни се сметаат оние синдикати во кои членуваат 20 проценти од бројот на вработени во тој сектор. Доколку ниеден синдикат нема 20 отсто од вработените, тогаш репрезентативен е тој што има најмногу членови.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG