Само три отсто од вработените примаат плата што може да ги задоволи потребите на едно четиричлено семејство. Другите се снаоѓаат како знаат. Работата на црно, парите од иселениците и семејната солидарност колку-толку го одржуваат животниот стандард на некое ниво, објаснуваат социолозите.
Претседателот на ССМ Живко Митревски, во интервју за Радио Слободна Европа што во целост ќе го емитуваме в недела, вели дека платите во Македонија треба да се зголемат.
„Податоците што ги добивме покажуваат дека околу 80 илјади работници примаат плата некаде во висина на минималната и некаде околу 400 илјади работници примаат плата од 12 до 20 илјади денари, додека само околу 3,2 проценти од вработените добиваат плата повисока од 30 илјади денари. Ако ја имаме предвид и висината на потрошувачката кошничка од 32.571 денари, тогаш е очигледно дека сепак недостасуваат сериозен дел на средства кои треба да одат во смисла на задоволување на потребите на едно четиричлено семејство“, вели Митревски.
Граѓаните велат дека цените постојано растат, а платите се исти.
„Треба само личниот доход да се дигне, зашто е смешно едно семејство да живее со 100 или 200 евра. Јас ќе им дадам на сите министри да живеат со 200 евра, а не да патуваат лево-десно.“
„Стандардот стандардно паѓа, секој месец. Еве само јас сум вработен, сопругата е невработена, имаме две деца на факултет.“
„Социјален случај сум, земам 4.500 денари месечно социјална помош за шест члена. Шест члена, триесет дена, тоа се 30 денари на ден“, велат анкетираните граѓани.
Социологот, професор Илија Ацески вели дека сивата економија, што зафаќа околу две милијарди евра годишно, како и парите што ги праќаат иселениците го одржуваат животниот стандард во земјава на некое ниво. Дополнително, на одржувањето на социјалниот мир влијае и семејната солидарност.
„Кога овие пресметки, овие износи, ќе ги ставите во она што е потрошувачка, се добива една пореална слика за Македонија. Инаку би било апсурдно да се зборува дека ние би можеле нормално да живееме имајќи ги предвид тие пресметки на синдикатот што се реални за Македонија“, вели Ацески.
Според пресметките на Државниот завод за статистика, реалната плата во Македонија во изминатите три години е намалена за 7,3 отсто. Според статистиката, просечната плата во Македонија е околу 21 илјади денари, но според нашите пресметки, средната плата во земјава е околу 13 илјади денари.
Oколу 80 илјади работници примаат плата некаде во висина на минималната и некаде околу 400 илјади работници примаат плата од 12 до 20 илјади денари, додека само околу 3,2 проценти од вработените добиваат плата повисока од 30 илјади денари. Ако ја имаме предвид и висината на потрошувачката кошничка од 32.571 денари, тогаш е очигледно дека сепак недостасуваат сериозен дел на средства.Живко Митревски, претседател на ССМ.
Претседателот на ССМ Живко Митревски, во интервју за Радио Слободна Европа што во целост ќе го емитуваме в недела, вели дека платите во Македонија треба да се зголемат.
„Податоците што ги добивме покажуваат дека околу 80 илјади работници примаат плата некаде во висина на минималната и некаде околу 400 илјади работници примаат плата од 12 до 20 илјади денари, додека само околу 3,2 проценти од вработените добиваат плата повисока од 30 илјади денари. Ако ја имаме предвид и висината на потрошувачката кошничка од 32.571 денари, тогаш е очигледно дека сепак недостасуваат сериозен дел на средства кои треба да одат во смисла на задоволување на потребите на едно четиричлено семејство“, вели Митревски.
Граѓаните велат дека цените постојано растат, а платите се исти.
Кога овие пресметки, овие износи, ќе ги ставите во она што е потрошувачка, се добива една пореална слика за Македонија. Инаку би било апсурдно да се зборува дека ние би можеле нормално да живееме имајќи ги предвид тие пресметки на синдикатот што се реални за Македонијa.Илија Ацески, социолог.